Што треба да се знае за гихтот?

Гихтот е метаболно ревматско заболување, кое настанува заради зголемено присуство на мочна киселина, хипеурикемиа во серум и таложење на кристали на мононатриум урат во зглобовите и меки ткива.

Дијагнозата на ова заболување треба да се постави колку што е можно порано, затоа што промптното започнување со терапија е придружено со побрзо подобрување.

Кои се приичините за појавата на гихтот?
На појавата на уричен артритис обично и претходи долгогодишна асимптоматска хиперурикемија. Зголеменото ниво на мочна киселина може да е од метаболно или ренално потекло.

Метаболното се должи на зголемено создавање на мочна киселина, додека реналното се должи на намалено елиминирање. Дел од болните со примарен гихт имаат генетска предиспозиција. Само кај мал број има зголемено создавање заради вроден ензимски дефект. Постојат бројни причини за секундарна хиперурикемија и појава на гихт. Кај овие болни постои намалена бубрежна елиминација.

Терапијата со диуретици е една од најчестите причини за секундарна хиперурикемиа.

Гихтот е болест што ги зафаќа мажите(90 до 95%), а останатите се жени во менопауза. Се јавува најчесто кај болни од 40 до 50 години.

Кои се клиничките презентации на гихтот?
Гихтот клинички се презентира како акутен уричен артритис, урични тофи, урична калкулоза и урична нефропатиа.

Како изгледа епизода на акутен уричен артритис?
Појавата на акутен напад на уричен артритис, најчесто се јавува на палецот на стапалата. Обично се јавува одненадеж, со драматична слика, во која доминира силна болка, оток и црвенило на кожата. Болката е толку силна, се има чувство дека во зглобот има иглички. Кристалите на мононатриум урат предизвикуваат кристален синовитис. Овој артритис наликува на инфективен артритис или флегмона. Гихтот се јавува на еден зглоб, а може да се појави на два или повеќе зглоба. Покрај појавата на артритис на палците, може да се појави и на скокалниот зглоб, колената, но и да се манифестира како полиартикуларна форма, зафаќање на повеќе зглобови, (тоа е повеќе случај во хроничната форма на гихтот,деструктивна артропатиа)

Појавата на акутни атаки на уричен артритис има тенденција за повторување.

Колку повеќе пати се повторуваат атаките, толку постои можност за влошување на заболувањето и појава на компликации од типот на калкулоза и урична нефропатиа која води до хронична бубрежна слабост. Придружни заболувања на гихтот се хиперлипидемиа, диабет, хипертензија, гојазност и др.

Како се поставува дијагноза ?
Диајгнозата се поставува со добро земена анамнеза (историја на болест), наод на клинички карактеристични артритиси на типични места ( првиот метатарзофалангеален зглоб на палецот), покачени вредности на мочна киселина( за мажи над 420 микромол/л, за жени,360микромол/л). Дијагнозата на гихтот се потврдува со наод на кристали на мононатриум урат во една капка на зглобна течност, ако е можно да се добие. Овој наод на кристали на момонатриум урат во вид на игли е сигурен наод за дијагноза на гихтот.

Како се лекува ?
Нападот на акутен артритис, кој е многу болен, се лекува со високи дози на нестероидни антиревматици, строго мирување и ладни бурови облоги. Во случај тегобите да не се смират се даваат краткотрајно и кортикостероидич, Лек на избор е колхицинот со внимателно следење на несаканите ефекти

Многу битен дел од лекувањето е давање на лекови кои го намалуваат создавањето на мочна киселина, и оние кои го помагаат елиминирањето. За време на акутниот напад на гихт, не се даваат лекови за намалување на мочната киселина (се потпомогнува кристализацијата). Овие лекови се даваат после смирување на атаката.

Во лекувањето и водењето на гихтот битна улога имаат и диететските мерки, како што е намален внес на пурини, кај кои крајниот продукт на метаболизмот е мочната киселина. Да се избегнува храна богата со пурини, како што се продукти кои содржат животински внатрешни органи, паштети, месни нарезоци и други видови конзервирани производи и други конзервирани месни производи. Се забранува внес на алкохол. Лекувањето на хипертензијата, хиперлипидемијата и обезноста, се составен дел во лекувањето на гихтот.

Каква прогноза има гихтот?
Прогнозата на гихтот воглавно е добра колку порано се постави дијагноза, Навремено спроведување на хигиенодиететските мерки, лекувањето на нападите на артриси и правилна профилакса, се добра основа во менаџирањето на заболувањето од ревматолог. Ова ќе овозможи да се успори прогресијата на заболувањето, а со тоа, ќе се намалат рецидивите на артритисите и компликациите на заболувањето.

Mjekët

SHPËRNDAJE ME MIQ