Физиолошка жолтица кај новороденчиња!

Жолтицата е појава со која постојано се среќаваме при работа со новороденчињата.

Сите новороденчиња имаат транзиторно зголемено ниво на билирубин, но само кај околу  50% од од нив жолтицата е видлива. Кај предтерминските новороденчиња тој процент е поголем заради системската незрелост.

Физиолошката жолтица вообичаено е видлива  третиот ден од раѓањето и изчезнува најдоцна за 10 до 14 дена.Таа состојба настанува заради зголемената концентрација на билирубинот кој ја дава жолтата пребоеност на кожата.Тоа настанува заради зголемената понуда на билирубинот од распаѓање на црвените крвни зрнца кои имаат скратен век, висок волумен и заради транзиторната незрелост на црниот дроб не може да се врзе за ќелиите и да се излачи, па се прелива назад во крвта.

Степенот на жолтицата може да се следи  клинички со обсервација на кожата и тоа во краниокаудална насока односно од главата кон нозете на проширување.

Физиолошката жолтица не е штетна за бебето и нема потреба од дополнителна терапија.

Што треба да следат родителите по испишување на новороденчето од нашата болница?

-Треба да ја следат бојата на кожата. Дали жолтицата се намалува и полека исчезнува.

-Дали новороденчето добро цица, напредува во тежина, има жолта столица и влажни пелени (добро мокри).

Ако адаптацијата во домашни услови закажала иако бебето нема никаква друга патолошка состојба, сепак жолтицата може подолго да се одржува па дури и да се појачува.

Во такви случаи потребно е да се јави на преглед кај педијатар-неонатолог во нашата болница – ONE HOSPITAL каде има можност да се одреди висината на жолтицата со апаратче што се става на кожата и/или ако има потреба за попрецизна проценка да се направат дополнителни лабараториски иследувања.

Mjekët

SHPËRNDAJE ME MIQ