Што е лапароскопија и колку време е потребно за целосно закрепнување! – Д-р Коста Василевски

Лапароскопијата е минимално инвазивна процедура која се изведува со посебен инструмент лапароскоп преку 4 мали засеци во абдоменот (по 2 см). Може да биде дијагностички и терапевтски. Се изведува под општа анестезија.

Се користи како дијагностички метод за визуелизација на внатрешните репродуктивни органи или како терапевтски може да се користи за отстранување на цисти на јајниците, миома на матката, за визуелизација на проодноста на оваријалните цевки, за целосно или субтотално отстранување на матката.

Лапароскопијата е метода по која пациентот може да си оди дома следниот ден, закрепнувањето е побрзо од конвенционалните операции и е помалку трауматично за пациентот.

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ