Што е ХИСТЕРОСКОПИЈА? Како се прави хистероскопија? Кога е најдобро да се направи хистероскопија?

Што е ХИСТЕРОСКОПИЈА?

Хистероскопија претставува дијагностичко интервентна метода со која првично се врши преглед на внатрешниот дел на матката со помош на оптичен телескоп наречен хистероскоп. Хистероскопијата се применува со диагностичка цел и како хируршка метода за лекување на определени состојби.

Зошто е потребна хистероскопија?

Хистероскопијата му овозможува на гинекологот да ја разгледа внатрешноста на матката во детали.

Како се прави хистероскопија?

Хистероскопот се воведува внимателно преку вагината и грлото на матката во нејзиниот внатрешен дел , а гинекологот ( операторот ) го следи секое свое движење на специајални монитори. За време на хистероскопијата може да се земе и биопсија од слузницата на матката за испитување.

За што се користи и што може да дијагностицираме со хистероскопија?

Хистероскопијата се користи за откривање на причините за:

  • Невообичаено крварење
  • Стерилитет
  • Предходни проблеми со износување на бременоста
  • Други гинеколошки заболувања
  • Со помош на хистероскопијата можат да бидат отстранети :
  • Полипи,
  • Септуми или прегради на матката,
  • Миоми на матката кои се наоѓаат на внатрешниот дел на од истата.

Колку време трае оваа процедура?

Хистероскопијата обично трае околу 20 до 30 минути.Процедурата може да биде направена без анестезија ако само се прави преглед на внатрешниот дел на матката или со анестезија ако се прави оперативна интерванција, што значи не се чувствува никаква болка.Во случај кога се прави хистероскопијата потребно е да не се прима храна и течности 6 часа пред анестезијата. Најчесто после неколку часа од хистероскопијата може да се оди дома.

Што може да очекувате после извршена хистероскопија?

Може да чувствувате слаба абдоминална болка која бргу поминува. На денот на направената хистероскопија потребно е да одмарате. Првиот менструален циклус после процедурата може да биде потежок и подолг од обичајниот циклус и наредните неколку циклуси исто така може да бидат неправилни што не значи дека и така мора да биде. За да се избегне ризикот на инфекција тампони не трба да се користат во наредни два месеци после хистероскопија. Во зависност од тоа што е работено треба да избегнувате сексуални односи од во периодот за кој ќе ви каже Вашиот гинеколог.

Треба да го информирате Вашиот гинеколог ако болката продолжува повеќе од 48 часа, ако е силна и остра болка, ако имате подуеност на абдоменот, ако имате покачување на телесната температура .

Во некои случаи хистероскопијата не може да биде успешно завршена и е неопходно да се повтори.

Кога е најдобро да се направи хистероскопија?

Вашиот гинеколог ќе го одреди денот кога ќе биде направена хистероскопијата, но вообичаено е до третиот ден после крајот на менструалното крварење бидејќи тогаш е потенок ендометриумот, односно внатрешниот - првиот слој на ѕидот на матката. Исто така е индивидуално, но вообичаено 7до 10 дена може да имате вагинално крварење за кое исто така Вашиот гинеколог ќе Ви објасни како треба да го гледате и на кои промени да внимавате( боја, количина, мирис, изглед..)

Во One Hospital започнавме со работа и на оваа процедура, па доколку Вашиот матичен гинеколог Ви советувал дека сте кандидат и Ви препорачал ваква дијагностичка процедура, јавете се на нашиот телефонски број 078 822 777 и закажете термин за консултација со нашите гинекололози кои се врвни и докажани за оваа постапка.

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ