Име и презиме на пациент: Шкипе Ештрефи Сопруг (Агим)
Доктор гинеколог: Ирена Гошева
Изјава од сопругот на пациентката:
Почитувана докторке,
Ви благодарам од срце што ја спасивте мојата сопруга и ми овозможивте по вторпат да станам татко!
Бидете благословена и Ви посакувам само убави моменти во Вашиот живот.
Агим, Тетово
Шкипе е наша пациентка, која мина тешки 8 месеци за на крајот да роди прекрасна принцеза.
Таа беше во втора по ред бременост и грижата за неа и нејзиното бебе ја довери на тимот во One Hospital. Стануваше збор за исклучително високо ризична бременост, која се следеше се до нејзиното породување, на највисоко ниво на квалитетна медицинска услуга и третман, а кратко пред терминот за породување, Шкипе стана по вторпат мајка на здраво бебе.
За разлика од другите медицински дисциплини, во гинекологијата и акушерството грижата се однесува на двајца пациенти (понекогаш и повеке), а непроценливо е задоволството од крајниот исход- здрава мајка со здраво бебе.