Здравствените ризици од прекумерната тежина за децата можеби се поголеми отколку што се мислеше! – д-р Фитим Реџепи

Зголемувањето на килограмите кај ДЕЦАТА не смее да се игнорира!

Помалку или повеќе, сите сме свесни дека дебелината е проблем од здравствен аспект, но се одразува и негативно на социолошки, психолошки и слично. Затоа, потребен е сериозен пристап, односно никогаш да не се потценува постоечкиот проблем, како што е често е случај во реалноста. Можеби е уште поважно образованието и превенцијата да се сфати сериозно, особено во најраниот период, односно периодите на детството и адолесценцијата.

Зошто е тоа толку важно?

Генерално, суштината на проблемот со килограмите е погрешната исхрана, но и лошите животни навики, воопшто. Многу важен фактор во формирањето на навиките е образованието. Знаеме дека најважните навики се формираат на рана возраст, а многу од нив остануваат трајни. Меѓу таквите навики се оние кои се лоши во однос на исхраната. Здравствените ризици од прекумерната тежина за децата може да бидат поголеми отколку што се мислеше. Прекумерната тежина кај возрасните значи и многу поголем ризик од срцеви заболувања. Ефектот врз децата сè уште не е целосно разбран, но има се повеќе докази кои укажуваат на слична врска. Темите на истражувањето беа телесната тежина и нејзината поврзаност со еден или повеќе фактори на ризик за срцеви заболувања (висок крвен притисок, холестерол итн.).

Резултати и заклучоци

Во споредба со децата со нормална телесна тежина, дебелите деца имале покачен крвен притисок и нарушен липиден профил (покачени масти во крвта). Мета-анализата, исто така, откри значително зголемување на масата на левата комора (задебелување на срцевиот мускул) кај повеќето дебели деца, што е исто така фактор на ризик за кардиоваскуларни болести.

Потребна е акција!

Проблемот со прекумерната тежина и дебелината е веќе епидемија во Македонија. Затоа треба да расте свеста за овој проблем, како и едукација за тоа што се подразбира под здрава исхрана и начин на живот. Само на тој начин значително ќе придонесе за решавање и спречување на проблемот со телесната тежина кај децата (и возрасните) и наведените проблеми поврзани со него. Во таа насока, државниот здравствен и образовен систем треба да преземе повеќе мерки. Детството и адолесценцијата се периоди во кои се формираат повеќето животни навики, па посвесните и образованите родители може да бидат клучна алка за подобро јавно здравје.

Закажете консултација со Д-р Фитим Реџепи 

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ