Важноста на систематските прегледи во период на пандемија со Covid-19

  1. Кое е значењето и зошто е важно да направите систематски преглед?

-Правото на заштита при работа е уставно гарантирано право на секој граѓанин. Ова право се остварува преку низа на законски и подзаконски акти од различна област, со единствена цел – да се овозможи највисок степен на безбедност на работно место, да се елиминира и /или да се минимизира специфичен професионален ризик и да се овозможи унапредување на здравјето, на професионално експонирани работници и превенција на професионални болести и повреди на работа. Токму затоа е важна редовна реализација на здравствени прегледи на работниците бидејќи здрав работник значи и квалитетен процес на работа во секоја работна организација.

 

  1. Дали систематски преглед е законска обврска на фирмите?

-Да! Работодавачот (од јавните и приватните фирми) има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да превземе мерки потребни за здравје и безбедност при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука, како и соодветна организација на работниот процес и потребни средства за работа. Исто така секој работодавач мора да обезбеди редовни здравствени прегледи на вработените преку ангажирање на овластена здравствена установа за вршење на стручни задачи за здравје при работа.

 

  1. Какво е Вашето мислење за систематски прегледи во период на пандемија со COVID 19?

Поради пандемијата од COVID-19 се создаваат услови за изложеност на работниците на SARS CoV-2 вирусот на нивните работни места и појава на болеста COVID-19. При тоа, изложеноста може да биде последица на:

-директен контакт на вработениот со болни и/или сомнителни случаи на COVID-19 во тек на обавување на нивната работа.

-близок контакт со колега/соработник кој е позитивен и/или болен и тоа поради несоодветна организација на работата и/или непридржување на препорачаните мерки за заштита.

-чести контакти на вработените со клиенти/корисници на услуги со поголем број на странки кои може да бидат инфицирани со  SARS CoV-2 вирусот, особено во подрачја каде има распространета трансмисија на болеста во заедницата

-близок контакт со позитивен патник во јавниот транспорт, при доаѓање и враќање на работа.

Во услови кога се појавува нова биолошка штетност како што е SARS CoV-2 вирусот, потребно е редовна комуникација со овластена здравствена установа и доктор по медицина на труд за  утврдување на специфични мерки за отстранување на штетностите, давање на препораки за лична заштита на работниците, следење на нивното здравје и редовна реализација на превентивните здравствени прегледи на вработетите, уредени по посебен протокол во време на пандемија со COVID 19.

 

  1. Дали секоја институција може да врши систематски прегледи?

Не! Систематски прегледи на вработени може да врши “Овластена здравствена установа по медицина на трудот “ во која се врши дејноста медицина на трудот согласно со прописите од областа на здравството,ангажирана од страна на работодавачот за спроведување на здравствена заштита при работа. Покрај здравствените прегледи на вработените, установата обезбедува и медицински услуги за вработените со професионални болести, организира обуки на вработените за прва помош на работно место во случај на повреда на работно место или колективна несреќа, давање на предлози и мерки на работодавачот за заштита на здравјето на работниците, учество во проценка на ризик на работно место, врши едукација на вработените со ризиците кои се поврзани со нивната работа и многу други услуги, сè со цел здрав работник и квалитетен процес на работа.

 

  1. Колку често откривате болести кај пациентите кои се навидум здрави и дошле за редовен

систематски преглед?

Вработените кои се испратени на превентивни здравствени прегледи од страна на работодавачот најчесто се во добра општа здравствена состојба без некои поголеми нарушувања на здравјето. Сите вработени кои боледуваат од хронична болест која начјесто е добро регулирана со хронична терапија, со себе носат документација од редовни контроли од страна на  специјалисти од областа на заболувањето. При детална анализа на сите испитувања кои се реализирани во тек на превентивниот здравствен преглед на работникот, често се случува да откриеме отстапки од нормалниот наод во тие испитувања, па и да дијагностицираме некое заболување за кое работникот не знаел. Сме имале и случаеви кога при превентивен здраствен преглед сме дијагностицирале акутна состојба кај пациентот, при што пациентот навремено бил згрижен во соодветна здравствена установа и излекуван без поголеми последици врз здравјето.

 

  1. Кои болести начјесто ги откривате при преглед?

По детална анализа на сите испитувања кои се реализираат при здравствениот преглед на работникот често се случува да откриеме некои отстапувања од нормалниот наод и тоа начесто се нарушувања во метаболизмот на липидите (покачени вредности на холестерол и триглицериди), покачени вредности на шеќер во крв, промени во ЕКГ наодот, нарушувања на сетилото за вид и слух, покачени вредности на крвниот притисок.

 

  1. Зошто вработените треба да обрнат внимание на препораките кои ги давате заедно со мислењата за способност за работа?

Извештајот за извршениот здравствен преглед (систематски, периодичен, насочен, предходен) се издава од страна на доктор, специјалист по медицина на труд, од овластена здравствена установа  во која е реализиран здравстевниот преглед, најкасно 15дена од датумот на прегледот. По целосната анализа на сите испитувања кои се реализирани кај вработениот, доколку постојат отстапки во здравстената состојба, тоа се евидентира во извештајот, односно мислењето кое го добива вработениот. Од исклучителна важност е вработениот да ги следи препораките кои се дадени од страна на докторот по медицина на труд и да ги направи сите испитувања кои се препорачани, се со цел да се превенираат понатамошни нарушувања на здравјето, или да се стават под контрола хроничните болести од кои боледуваат, да ги следат препораките за носење на лична заштитна опрема на работно место, како и заштита од COVID19 бидејќи сме во период на панемија.

 

  1. Кои услуги спаѓаат во областа на медицина на трудот и кои уверенија може да ги издадете?

Овластената установа по медицина на трудот во рамките на One Hobspital врши превентивни здравствени прегледи (систематски, периодични, насочени, предходни) во согласност со посебни прописи уредени според Законот за безбедност и здравје при работа;

-организирање и обезбедување  обуки за прва помош на вработените во случај на повреда на работно место или колективна несреќа;

-врши утврдување и проучување на причините за инвалидност и професионални болести во врска со работењето и повреди при работа;

-дава предлози и мерки на работодавачот за заштита на здравјето на вработените кои се изложени на голема оппасност од повредна или нарушување на здравјето;

-учествува во проценка на ризиците, безбедноста и здравјето на работно место и работната средина;

– ги запознава вработените со ризиците кои се поврзани со нивната работа, нивното работно место и врши едукација.

Покрај услугите предвидени со закон за закон и безбедност при работа, ординацијата врши и издавање на лекарски уверенија за различни потреби и тоа:

-Лекарско уверение за вработување;

-Лекарско уверение за лиценца за негователи, воспитувачи, адвокати, адвокатски приправници, извршители, нотари, инструктори, обезбедување и сл;

-Лекарско уверение за старателство и посвојување;

-Лекарско уверение за застапување на суд;

-Лекарско уверение за престој во странство;

-Лекарско уверение за добивање виза;

-Лекарско уверение за државјанство;

-Лекарско уверение за упис на студенти;

-Лекарско уверение за одредување на психофизичка способност за различна намена.

Сите уверенија се издаваат за неколку часа истиот ден, изготвени и заверени од страна на специјалист по медицина на трудот на унифицирани обрасци од Македонско Лекарско Друштво.

 

  1. Колку време е важноста на систематските прегледи и зошто се повторуваат?

Важноста на систематските прегледи е 24 месеци од датумот на последниот систематски преглед. Истите се повторуваат на секои 24 месеци поради заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност, на секој вработен кој работи на работно место кое според проценката на ризикот на работното место не претставува работно место со зголемен ризик.

 

  1. Кои обуки ги правите на вработените?

Овластената ординација по медицина на труд во склоп на One Hospital врши обука на вработените од фирмите соработници за прва помош на работно место во случај на повреда на работно место или колективна несреќа, врши едукација на вработените за носење на лична заштитна опрема, ги запознава вработените со ризиците по нивното здравје кои се поврзани со нивното работно место, врши здравствена едукација на различни теми со единствена цел – фирмите соработници да располагаат со целосно физички и психички здрави работници.

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ