Услуги:
Покажува воздушен капацитет на белите дробови, посебно при хроничните или акутните егзацербирани состојби на белите дробови. Пациентот седнува на столицата за прегледи и откако ке се објасни процедурата, истиот зема воздух најмногу што може и му се дава да издише максимално и најсилно што може во хартиениот дел врзан за спирометарот. Се мераат автоматски параметрите и процедурата се повторува во 2-3 наврати, се добива графичка линија и принтан наод со резултатите околу актуелната состојба на респираторниот систем.
ЕКГ е многу значајно испитување за кардиоваскуларниот систем особено за срцевите тегоби. На пациентот откако ќе му се објасни процедурата, се легнува на креветот за прегледи и се поставуваат електродите (со претходно навлажена кожа со вода или со гел) на апаратот за електрокардиограм. Откако ќе се регистрираат сите одводи од ЕКГ апаратот и се потврдуваат од страна на лекарот, се штампа хартија со ЕКГ наод. Се чисти пациентот со сува хартија и се дава наодот за преглед на интернистот за крајна анализа и препорака. Со оваа процедура и услуга може да се гледаат промените на срцевиот ритам, промените на крвните садови на срцето, на работата на мускулот на срцето, обвивката на срцето, минатите заболувања и многу други состојби околу кардиоваскуларниот систем.
Подразбира мерење на крвниот притисок во тек на 24 часа во неколку мерења во тек на целиот ден. Значи мерењата се однесуваат за сите дневни активности на пациентот, како одмор, работа, седење, спиење… Откако му се објаснува процедурата на пациентот, се поставува Холтер апаратот кај истиот, се фиксира за телото со поставување на електродите правилно и се уклучува апаратот за редовни мерења во тек на 24 часа. Откако ќе заврши испитувањето, ќе се прифати апаратот од пациентот и ќе се анализираат регистрираните мерења и на крај се дава извештај за целото следење во тек на 24 часа во принтана верзија со заклучок од страна на интернист за состојбата на пациентот. Може да се гледаат и да се регистрираат високи вредности или пикови на артериска тензија, во кое време настанале тие и евентуалната причина за нивна појава, се зема средна вредност на артериската тензија и се даваа препорака околу болеста или проблемите што ги има пациентот.
Слично како кај мерењето на крвниот притисок само што тука се мери срцевата акција и ритам за 24 часа. Откако ќе се објасни процедурата на пациентот, се поставува апаратот кај пациентот, се фиксира за телото со поставување на електродите правилно според препораката на истиот и се уклучува за редовни мерења во тек на 24 часа. Откако ќе заврши испитувањето, ќе се прифати апаратот од пациентот и ќе се анализираат регистрираните мерења и на крај се дава извештај за целото следење на срцевиот ритам во тек на 24 часа во принтана верзија и со мислење за евентуалните промени или коментари за резултатите. Со оваа метода се гледаат и се испитуваат срцевите промени на ритамот, аритмиите, екстрасистолите или другите проблеми околу кардио васкуларниот систем.
Подразбира преглед со ултразвучен апарат на сите абдоминални органи во посебен кабинет, каде се поставува пациентот во легната положба. При преглед може да се видат евентуалните промени околу повеќе органи како, црн дроб, жолчка,слезенка,панкреас,бубрези,мочен меур,простата, црева итн.