Пациентката Фекрије Јонузи беше една од нашите задоволни пациенти!

Пациентката Фекрије Јонузи беше една од нашите задоволни пациенти, која за навидум лесна и веќе дијагностицирана состојба, долго време се обидувала да дојде до вистинското и трајно решение за да се реши од болката во стомакот.

Таа ни раскажа дека долго време го барала решението за камчињата во жолчката со различни напивки, терапии од доктори за намалување на болката, често гадење и повраќање, но решението било баш тоа што конкретно и децидно го кажал Д-р Кодовски, а тоа е хирушко вадење на жолчката.

#Лапароскопски, преку четири мали отворичиња на стомакот се извади жолчното ќесе и трајно се реши проблемот, се разбира со совет и препорака за понатамошно внимавање со исхраната, а пациентката уште наредниот ден беше спремна за дома.

Ние сме задоволни кога задоволството го гледаме во очите на нашите пациенти!

Mjekët

SHPËRNDAJE ME MIQ