Во гинеколошко акушерскиот оддел во One Hospital покрај породувањата по природен пат и царски рез, се извршуваат и хируршки интервенции на генитоуринарниот тракт.
Нашиот тим изврши операција на 54 годишна жена поради уринарна стрес инконтиненција со МИНИ-СЛИНГ метода. - Д-р Коста Василески
Уринарна стресна инконтиненција е неволно испуштање на урина поради слабост на уретралниот сфинктер (мускулите што контролирано ја задржува урината) како резултат на чести инфекции, породување, хируршко отстранување на матката, повреда, стареење и зголемување на телесната тежина.
MINI – SLING методата е краткотрајна интервенција од 15 минути, која се изведува под спинална или интравенска анестезија. Се прави инцизија на предниот вагинален ѕид, под уретрата се става неапсорбирачка полипропиленска мрежа, а уретрата се враќа во првобитната физиолошка состојба. Хоспитализацијата е еден ден, со минимална загуба на крв и минимална болка која може воопшто да ја нема.
Резултатите се веднаш видливи!
Наша препорака е да не дозволите уринарната стресна инконтиненција да го наруши вашиот животен стил и самодоверба.
Нашиот пациент е презадоволен и подготвен да си оди дома.
Нашиот тим и посакува долг живот!