Што значи ХПВ ? Кој може да се инфицира и како со овој вирус? Како се докажува?

Хуман папилома вирус или ХПВ претставува сексуално пренослива инфекција која се пренесува преку сексуални односи кај сексуално активни лица. Постојат повеќе од 150 видови од кои една третина предизвикуваат генитални инфекции. ХПВ најчесто предизвикува карцином на грлото на матката кај жените но исто така може да предизвика и карцином на устата, грлото, анусот, а кај мажите карцином на пенисот. Постојат повеќе методи за откривање, генотипизација и квантитативно одредување на ХПВ типови кои пак може да припаѓаат во група на ниско и високо ризични типови кои предизвикуваат брадавици- комдиломи или карцином. Овој вирус навлегува во клетката и прави дисплазија на епителот, без видливи симптоми, а може да се детектира со помош на ПАП тест, колпоскопија со биопсија и патохистолошко испитување на земениот материјал. Навремена дијагноза значи навремено откривање и големи можности за излекување. ХПВ вакцината исто така помага во превенција од цервикален карцином. Редовни контроли кај вашиот гинеколог се од големо значење бидејќи секоја промена ќе биде навреме детектирана и соодветно третирана.

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ