Општа Хирургија

Услуги

Ректумот и анусот претставуваат завршен дел на дегистивниот тракт – дебелото црево. Во овој, релативно мал дел од цревото се појавуваат голем број различни заболувања. Заболувањата на аноректумот се:

Повреди на аноректумот и присуство на страно тело – поголем дел од овие повреди настануваат случајно после пад на остар предмет, како последица на терапевтски манипулации, внесување на страни тела од сексуални побуди итн. Клиничката слика е различна, зависно од величината на страното тело, колку долго истото се задржало во ректумот, евентуалното постоење на воспаление или перфорација на цревото. Дијагнозата се поставува со ректално туше и ректоскопски преглед. Начинот на лекување е хируршки зависно од тежината на повредата. Видот на анестезијата е вообичаено спинална.

Хемороидална болест – претставува патолошко проширување на хемороидалниот венски сплет, горен и долен, или кај народот познат како внатрешни и надворешни хемороиди. Симптомите на ова заболување се: болка при дефекација, свраб во и околу чмарот, присуство на чиста црвена крв на крај на дефекацијата, палпабилни чворови околу чмарот. Причините за ова заболување се мултифакторијални – наследна компонента, слабост на мускулатурата на венскиот ѕид, воспалителни процеси во таа регија, бременост, професии поврзани со долготрајно седење, заболување на внатрешните органи итн. Дијагноза на заболувањето се поставува врз основа на надворешен преглед на анусот или ендоскопски. Зависно од тоа колку е напреднета болеста, разликуваме 4 стадиуми. Лекувањето може да биде конзервативно или хируршко, зависно од стадиумот на болеста.

Абсцес на аноректалната регија – настанува како последица на инвазија на параректалните простори со патогени микроорганизми и почесто се јавува кај мажи. Најчесто причината за инфекцијата започнува во аналните крипти. Пациентот се жали на болка која се јавува при седење или движење, која со тек на време станува се појака, проследени со покачена телесна температура. За поставување на дијагноза доволен е само преглед од хирург. Доколку не настане спонтано празнење на гнојот, потребно е хируршки да се направи, со инцизија и дренажа. Интервенцијата се прави во септична сала и во спинална анестезија. Честа касна компликација на ова заболување е создавање на ано-ректална фистула.

Анална фисура – кај ова заболување се работи за рана на аналната слузница која настанува најчесто кај пациенти кои имаат отежнато празнење и се напнуваат при дефекација. Клиничката слика се манифестира со исклучително јака болка која се опишува како цепење, печење. Карактеристика кај аналните фисури е нивната хроничност со периоди на влошување и подобрување. За дијагностицирање на оваа болест доволен е внимателен ректален преглед. Лекувањето на почетокот е конзервативно, а во случаи на хроницитет – хируршко и се изведува со спинална анестезија.

Фистули на аноректум – настануваат како последица на воспалителните процеси во таа регија. Може да бидат едноставни или комплицирани. Заболувањето има вообичаено хроничен карактер. За дијагностицирање на ова заболување важно е присуството на хронична гнојна секреција преку парааналниот отвор. Понекогаш е потребно да се направи и рентгенолошко испитување со контраст или фистулографија. Лекувањето е исклучиво хируршки и во спинална анестезија. Во светски размери рецидиви или повраток на болеста се во висок процент.

Мастектомија претставува хирушко отстранување на дојката. Кој тип на мастектомија ќе се примени е одлука на хирургот кој ја прави операцијата во договор со онкологот и пластичниот хирург доколку во еден зафат се направи и реконструкција на дојката. Најчесто причината е карцином на дојка кај жени и поретко но не се исклучува и кај мажите. Се изведува во општа анестезија и во некои случаи покрај отстранување на дојката потребно е и вадње на лимфните јазли. Мастектомијата може да биде едноставна мастектомија, изменета радикална, радикална, мастектомија со зачувување на кожата, мастектомија со зачувување на брадавицата, продолжена радикална мастектомија.

This procedure involves placing a catheter through the urethra to the bladder. In certain medical conditions and in certain procedures it is necessary to place a catheter to measure the amount of urine, to pay attention to the appearance and concentration, but sometimes to remove the accumulated urine in the bladder for some reason that caused a stop. The procedure is performed by a doctor and it is painless. If catheterization is done and should be continued at home, then training for proper manipulation is done. Catheter removal is also a procedure performed by a doctor in a hospital setting.

Камчињата во жолчното ќесе настануваат со таложење на неговата содржина, холестерол и билирубин. Имаат различна големина од многу ситни (1-2мм) кои наликуваат на песок, па до многу големи кои го исполнуваат целото жолчно ќесе и ја имаат неговата форма. Често пати кај пациентот постои мешавина од сите големини.

Камчињата во ж. ќесе се присутни во 20-30% во популацијата, почести се кај женскиот пол, соодносот е 4:1. Во 80% од случаевите се направени од холестерол, а остатокот од билирубин. Во некои случаи ситните камчиња даваат слика на жолчен талог и никогаш не формираат камен. Голем број од пациентите немаат симптоми, во тој случај станува збор за „тивка“ или асимптоматска калкулоза.

Кај останатите „несреќни“ пациенти симптомите се: болка под десниот ребрен лак и лажичката и може да се шири во десната лопатка/плеќа, гадење, повраќање. Во некои случаи, кога се работи за ситна калкулоза, некое камче може да навлезе во главниот жолчен вод, да направи пречка во истекувањето на жолчката и во тој случај првиот симптом кај пациентот е пожолтување на кожата и видливите слузници, проследени со покачена телесна температура и бел измет. Во тој случај се работи за компликација на болеста.

Стандардна метода за докажување на жолчната калкулоза е ЕХО на абдомен. Во некои случаи, кога хирургот ќе процени, потребно е да се направат и посложени дијагностички испитувања – ЕРЦП и МРЦП.

Жолчната калкулоза, за жал е исклучиво хируршка болест (се лекува само со операција). Стандардна метода за оперативно лекување секаде во светот е лапароскопскиот начин или, кај народот познат како операција со „четири дупчиња“. Видот на анестезија е секогаш општa. Со оваа операција, пациентот нема рез како претходно, со тоа се исклучува можноста од појава на вентрални хернии на местото на операција, времетраењето на операцијата е скратено, потребата од антибиотици и лекови за болка е помала, количината на лековите во анестезијата е намалена, постоперативната болка е драстично намалена, пациентот брзо се мобилизира и брзо се префрла на внес на течности и храна преку уста. Рехабилитацијата на пациентот е многу побрза, работоспособноста е можна после една недела. Истовремено со лапароскопскиот метод се овозможува преглед и на останатите органи во стомакот и евентуално нивно оперативно лекување т.е. „две операции во едно“.

Холедохолитијаза претставува присуство на камчиња во главниот жолчен канал кој ја носи жолчката од жолчното ќесе према дванаесетпалачното црево. Оваа состојба предизвикува застој во истекувањето на жолчката во дванаесетпалачното црево и нејзино враќање во црниот дроб што предизвикува воспаление и можност за оштетување на црниот дроб со сериозни компликации.

Симптомите на ова заболување се:

- Јаки болки под десниот ребрен лак
- Гадење и повраќање, особено изразени после мрсен оброк
- Жолто пребојување на кожа и слузокожа (иктерус)
- Изметот станува бел и мрсен и наликува на глина
- Зголемена телесна температура со треска, малаксаност, во случај кога постои воспалителен процес на жолчните канали (холангитис)

Дијагноза на ова заболување се поставува врз основа на анамнеза со клиничка слика и објективен преглед, лабораториски испитувања, ЕХО на стомак, ЕРЦП и МРЦП. Лекувањето на ова заболување може да биде конзервативно и хируршко.
Идеално е ако се успее да во склоп на ЕРЦП се направи папилотомија и се извади камчето. Тоа спаѓа во доменот на интервентната интерна медицина.

Хирушкото лекување се прави со општа анестезија, може да биде лапароскопски (поретко) или класично. Притоа во основа се отстранува жолчното ќесе, отвора главниот жолчен канал, се вади камчето или камчињата од него, се врши детална проверка за евентуално присутни остаточни камчиња во истиот. Операцијата на крај завршува со ставање на посебно цревце во каналот коешто после две недели од операцијата се вади. Претходно со контрасно снимање преку цревцето се проверува проодноста на жолчните патишта.

Хернија, или во народот позната како кила или брух, се јавува како комбинација на зголемен интраабдоминален притисок (при подигање на тешки предмети, опстипација, долготрајно кашлање и кивање, тумори, срцева слабост и слично) и отвор или слабост на мускулатура или фасциа при што зголемениот притисок ги турка органите и ткивата низ слабата точка на ѕидот.

Мускулната слабост може да биде вродена, но вообичаено се јавува во подоцнежниот период од животот. Во зависност од местото каде се јавуваат разликуваме: ингвинална, феморална, умбиликална, епигастрична и исклучително ретка Шпигелова хернија. Во посебна група спаѓаат вентралните или инцизионални кили, кои се јавуваат на местото на некоја претходна стомачна операција.

Хернијата не познава старосна граница, се јавува кај мажи и кај жени. Се манифестира со појава на безболен или лесно осетлив оток од кожата на стомакот, кој најчесто се јавува после физички напор и исчезнува кога пациентот е во лежечка положба.
Еволутивно гледано, како одминува времето хернијата се зголемува во својот обем. Исклучително во детска возраст може да се случи со развој на мускулниот ѕид тие слаби точки да се појачаат по природен пат. Затоа во детска возраст може да се причека со оперативното лекување.

Хернијата е заболување кое се лекува исклучиво со операција. Единствено доколку постојат придружни болести кај пациентот и хируршкото лекување е со зголемен ризик, во тој случај се препорачува да се носат појаси. Вообичаено хируршките интервенции на некомплицирани хернии и кај соодветно подготвен пациент т.е. „ладни операции“ спаѓаат во групата на интервенции со низок на ризик и можноста од компликации е сведена на минимум. Во тој случај, стравот од оперативниот зафат е неоправдан. Во спротивно, доколку пациентот не го решил својот проблем на време и доаѓа со комплицирана или „заглавена“ хернија – тоа е случај кога содржината во килата не може да се врати во стомачната празнина т.е. мора да се направи ‘’жешка’’ операција ризикот и можноста за компликации се зголемуваат. Поради тоа препораките се за порано оперативно лекување.

Хируршкото лекување на херниите може да биде со отворена, лапароскопска или мешана метода. Видот на анестезија е регионална или спинална анестезија а болничкото лекување трае 24 часа. Современите препораки, коишто нашата болница ги следи се дека секоја хернија, со ретки исклучоци се прави со протетски материјал т.е. мрежа. Периодот на опоравување и релативна поштеда од тежок физички напор трае 3-4 недели.

Липом претставува бенигна формација од масно ткиво, безболна, локализирана на било кој дел од телото, со различна големина, еден или повеќе на број. За да се постави дијагноза потребно е физикален преглед од страна на доктор хирург. Постојат неколку типови и ретко кога оваа промена може да биде малигна, па за нивно разликување можеби докторот ќе има потреба од дополнителни испитувања како што е ехосоногравски преглед на меки ткива, компјутерска томографија, магнетна резонанца, биопсија. Вообичаено не е потребен никаков третман. Доколку претставува естетски проблем за Вас или пак докторот даде препорака за вадење, тогаш третманот е хирушко отстранување, со минимална екстракција и колку е можно помала лузна, во локална анестезија.

Make an appointment at our SURGERY DEPARTMENT