Д-р Јусуф Вејсели користеше гастроскопија како интервентна метода бидејќи моравме да го извадиме ноктот од стомакот на нашиот пациент.

Гастроскопијата како дијагностичка метода се користи за визуелизација на промените во горниот дигестивен тракт.
Во нашиот денешен случај, користевме гастроскопија како интервентна метода бидејќи моравме да го извадиме ноктот од стомакот на нашиот пациент.
Д-р Јусуф Вејсели и нашиот анестезиолог д-р Тасе Спировски, го визуелизираа и успешно го извадија ноктот од желудникот, без да ги оштетат ѕидовите на желудникот, хранопроводникот и усната шуплина.
Нашиот пациент е презадоволен од, како што вели, елегантниот третман.

 

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ