Нутриционизам

Нутрицијата се дефинира како наука за активноста на храната, пијалоците и нивните компоненти во биолошките системи. Хранливите состојки кои ги содржи храната овозможуваат функционирање на организмот.

 

Персонализирани програми на исхрана:

- кај различни типови на заболувања (кардиоваскуларни болести, диабет, автоимуни заболувања и др.), вклучувајќи ги онколошките заболувања;

- за намалување на телесната тежина кај деца и возрасни;

- за детоксикација;

- кај трудници;

- за превенција.

 

Овие персонализирани програми се базираат на секундарно ниво на персонализирана нутриција т.е. изработка на препорака во зависност од поединечниот внес на храна, антропометриски мерења, вклучувајќи и мерења на состав на телото, како и крвните биохемиски маркери. Клиентите одговараат на посебно креирани прашалници, добиваат дневник на исхрана и месечно следење на состојбата.

 

Персонализирани и периодични програми за исхрана кај спортисти зависно од нивото и видот на спорт. Овие програми се базираат на антропометриски мерења и мерења на состав на телото и во зависност од спортот се креираат препораки за периодизирана исхрана, исхрана во денови пред натпреварување, исхрана во текот на денот на натпреварувањето и по натпреварувањето со цел да се намали заморот, да се редуцираат повредите и да се зголемат перформансите. Во склоп на програмите е препорака за ергогена помош т.е. употреба на суплементи во однос на видот, количината, времето и времетраењето.

Персонализираните програми може да се базираат и на терциерно ниво на персонализирана нутриција т.е изработка на препорака во зависност од поединечниот внес на храна, антропометриски мерења, вклучувајќи и мерења на состав на телото, крвните биохемиски маркери и генотипска анализа преку земање на примерок од букална слузница. Генотипската анализа може да се изведува со цел да се добие нутритивна или фитнес препорака.