Во денешно време современата стоматологија со своите естетски методи и материјали е во можност да одговори на сите барањата на многу пациенти. Губиток на заб и недостаток на повеќе забите создаваат функционално-естетски проблеми кој бара соодветен третмани. Нашиот медицински тим има долгогодишно меѓународно искуство кое го применува во секојдневната пракса, повеќе од 20 години искуство во Имплантологија (пресадување на заби) со ететско-протетска рехабилитација, без метална керамика и компјутерско правење на заби. Со примена на најсовремените методи и технологија, ние можеме да ги задоволиме сите медицинско функционални и естетски барања на нашите пациенти. Самодовербата на секој човек зависи и од правилната забна функција и естетика, кај секој пациент се крие желбата за здрав и атрактивен изглед, а убавата и здрава насмевка значително допринесува до тоа.
Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414
За да закажете преглед, кликнете тука.
Услуги
Белењето на забите е една од најпопуларните процедури во естетската стоматологија, и е метода со која се отстрануваат разните дисколорации од површините на забите кои за неколку тони ја менуваат бојата и забите стануваат побели.
Забите можат да бидат пребоени жолто, кафеаво, зеленкасто, сивкасто и црно во зависност од причината. Пребоеноста може да биде внатрешна и надворешна. Најчесто кај пациентите се забележува надворешна пребоеност која се наоѓа на површината на забите, а причината е често конзумирање на кафе, чај, црно вино, други обоени пијалоци, цигари итн. Овие пациенти се потенцијални за процедурата на белење на заби. Постојат повеќе техники на белење на забите, а во сите техники се користат материјалите чија активна супстанца ја сочинува водород-пероксид ( хидроген ) и карбамид пероксид. Постојат два типа на белење на заби: белење во ординација и белење во домашни услови.
Професионалното белење или белењето во ординација се врши под надзор на стоматолог и се изведува во ординациски услови. Процедурата трае околу еден час и на крајот на постапката резултатот е веќе видлив.
Белење во домашни услови – за оваа процедура се користат специјално изработени калапи и професионални гелови за белење кои се со пониска концентрација од оние кои ги користиме за ординациското белење. Специјално изработените калапи и гелот би било пожелно да се чуваат 6-8 часа во устата, по можност за време на спиење.
После белењето на забите пациентите може да чуствуваат болка на ладно која е од минлив карактер. Пациентите се советуваат да избегнуваат цигари, кафе, чај и други обоени пијалоци. Ако пациентот се придржува на упатствата во врска со бојата битно е само одржувањето на постигнатиот ефект, едноставно е и поефтино. Тоа се врши со специјални пасти кои пациентот може да ги користи во домашна употреба или пак во ординација. Белењето може да се повтори на секои 6-12 месеци, односно по потреба.
Ефективната насмевка корегирана од рацете на вашиот стоматологот е неодолива. Порцеланските фасети во естетската стоматологија претставуваат врвна и квалитетна конзервативна алтернатива за кои е потребна препарација на забното ткиво. Тие се тенки керамички лушпи, трајно адхезивно цементирани за забната структура. Современата дентална пракса значително ги проширила индикациите за порцелански фасети, пред се заблагодарувајќи се на унапредувањето на керамички материјали.
Порцеланските фасети се индицирани при:
- Пребоеност на забите кое не може да се корегира со техниката на белеење на заби
- Корекција на обликот и положбата на забите ( искривени или вовлечени заби )
- Мали заби или големи пломби
- Затварање на дијастема
- Корекција на губиток на забно ткиво поради механичко или хемиско оштетување
Првично се утврдува дали ваквата процедура е соодветна за пациентот. Доколку е соодветна тогаш се пристапува кон препарација на надворешната површина на забното ткиво за да се направи простор за фасетата. После препарацијата се зема отпечаток од забното ткиво и се испраќа во лабораторија. Следната фаза е проба на фасетката, доколку пробата е добра фасетата трајно се цементира за забната површина.
Порцеланските фасети може да се користат без проблем наредните 10-15 години со редовна хигиена на забите. Предноста на порцеланските фасети е што после третманот забите добиваат природен и естетски изглед, не се под влијание на никотин, чај и кафе, се добиваат резултати со мала препарација на забното ткиво, без намалување на големината на забите.
Естетските пломби ја заменуваат и обновуваат структурата на оштетното забно ткиво враќајќи ја природната морфологија, боја и микроструктура на површината на забот. Естетските пломби нудат голем број на придобивки во однос на сребрените амалгамски пломби кои содржат жива и кои од многумина се сметаат за токсични. Естетските материјали можат да ги обноват и зајакнат забите.
Естетски пломби се поставуваат кај пациенти со:
- Мало или средно оштетување на забното ткиво – кариозни заби
- Фрактурирани заби
- Стари пломби
- Затварање на дијастема
Интервенцијата опфаќа отстранување на оштетеното забно ткиво или доколку пациентот има стара пломба се отстранува старата пломба и настанатиот кариес под пломбата. Потоа се прави дезинфекција и тоалета на кавитетот, сушење на кавитетот и поставување на пломба на оформениот кавитет. Сувото работно поле е најбитен фактор за квалитет и долговечност на пломбата заедно со добро отстранетиот кариес.
Доколку естетските пломби се добро поставени, со добра орална хигиена пломбите можат да траат долго. Претерано цврста храна треба да се избегнува затоа што може да го оштети полнењето. Кај естетските реконструкции на забите целта е во потполност да се копира природниот облик и бојата на забот, каде што морфологијата на забот се обликува со посебни инструменти. Овој начин на реконструкција целосно ја задоволува функционалната состојба на контактот со горните или долните заби. Благодарение на современата естетска стоматологија со своите материјали и методи и професионалноста на вашиот стоматолог ќе имате насмевка од вашите соништа.
Современата стоматологија користи различни градивни материјали за функционална и естетска реконструкција на предните и бочните заби со фиксни надоградби. Благодарение на својата издржливост и природен изглед, циркониумските коронки стануваат се повеќе популарни. Тие лансираат нова ера во стоматологијата нудејќи комбинација на естетика и издржливост. Циркониумот е компатибилен со забите и непцата кој не предизвикува алергија. Тој дава супериорен изглед бидејќи има природно бела боја и е проѕирен, па може да ја имитира проѕирноста на природните заби. Циркониумот дава посигурна насмевка бидејќи нема метална обвивка на непцата. Постојат два типа на циркониум: цврсти и високо транслуцентни. Двата од нив можат да се направат со помош на CAD CAM технологијата. Овие техники даваат прецизен и ненадминлив изглед.
Циркониумот може да се користи при следниве ситуации:
- Кога со техниката на белење не може да се постигне резултат
- Оние кои претходно користеле метал керамички мост
- Во случаи кога пациентот има дефекти на забното ткиво или големи пломби
- Кога постојат ротирани заби и заби со атипична положба во забниот лак
Процедурата опфаќа локална апликација на анестетик. Потоа се препарираат сите површини на забното ткиво и откако забното трупче е готово се зема отпечаток и се носи во забна техника. Следната фаза е проба на циркониумот, доколку циркониумот пасува повторно се враќа во техника каде се продолжува со неговата изработка. Готовиот циркониум повторно се проба во устата на пациентот и доколку пасува се продолжува со негово цементирање.
Предноста на циркониумските коронки е што имаат подолг живот од метал керамичките коронки бидејќи овој материјал е биокомпатибилен и значи дека е безбедно да остане во устата долго време. По третманот пациентот треба да одржува максимална хигиена во усната празнина. После неколку дена пациентот може да продолжи со секојдневните активности.
Имплантот денес се смета за едно од најмодерните решенија во стоматолошката пракса. Стоматолошкиот имплант е титаниумски навоен столб (имитација на забен корен), кој хируршки се поставува во виличната коска под гингивалниот раб, што му овозможува на стоматологот да постави коронка или мост во тоа подрачје. Преку процес наречен остеоинтеграција имплантот се прицврстува за виличната коска. За да биде овој процес успешен пациентот треба да има доволно густина на коска и да биде во добра орална здравствена состојба. Доколку коската на пациентот е премногу тенка или мека тогаш не е во можност да го издржи имплантот. Во тој случај треба да се постави коскен графт.
Имплантите се индицирани кај пациенти кои имаат загубено еден или повеќе заби. Предностите на денталните импланти се што овозможуваат:
- Подобар изглед – имплантите изгледаат и се чувствуваат како свои заби
- Подобар говор – овозможуваат зборување без да се грижите дека забите можат да се лизгаат
- Полесно јадење – стоматолошките импланти функционираат како природните заби
- Поголема самодоверба – стоматолошките импланти можат да ви ја вратат насмевката и да се чувствувате подобро
Одржувањето на имплантите е многу важно за успех. Како што вашите заби бараат совесна грижа во домот и редовни стоматолошки посети, така и стоматолошките импланти бараат иста грижа. Денталниот имплант го подобрува квалитетот на живот благодарение на неговата сила, лесна употреба и естетски изглед. Со соодветна хигиена и редовни стоматолошки посети, имплантите ќе траат со децении, дури и цел живот
Третманот на лекување на коренски канал е стоматолошка процеура и е неопходна кога пулпата (нервот) е воспалена или инфицирана. Заболувањето на пулпата е едно од најчестите причина за силна забоболка, но самиот третман честопати е безболен. Под локална анестезија се отстранува воспаленото ткиво, се дезинфицира каналот и истиот се полни со специјално полнење. Интервенцијата се изведува во една или повеќе фази, зависно од тоа колку е инфициран забот.
Воспалението на пулпата најчесто се јавува:
- На заби кои имаат несаниран и длабок кариес
- Под големи пломби кои не пасуваат идеално
- Кај заби со многу повторувани интервенции
- Под коронки и мостови, како резултат на некроза на пулпата
- Скршени и повредени заби
После ваквата интервенција забите повторно добиваат природен изглед со поставување на естетски пломби. Често пати по ваквата интервенција забот може да ја промени бојата во жолто кафеавкаста, исто така станува сув и кршлив и во таков случај се препорачува коронка за правилно обновување на забот. Со секојдневна грижа и нега на ендодонтски третираните заби може да ги сочувате до крајот на животот.