3 причини поради кои луѓето над 40 годишна возраст треба да направат КОЛОНОСКОПИЈА

Колоректалниот карцином е чест тип на карцином во нашата популација. Многу пациенти кои никогаш не биле подложени на колоноскопија како скрининг преглед за карцином на дебелото црево, често се дијагностицирани во тешка фаза. Првенствено затоа што сметаат дека мала е веројатноста баш тие да имаат карцином, или одлучуваат да го направат прегледот само кога абнормалната стомачна болка ќе почне да се манифестира и да крвари за време на дефекацијата.

1. Колоректалниот карцином е многу застапен кај луѓе на возраст над 50 години. Оттука, од витално значење е да се подложи на скрининг преглед за колоректален карцином со колоноскопија на секои 5 години. Меѓутоа, ако имате близок роднина дијагностициран со колоректален карцином, треба да поминете низ скрининг тестот со колоноскопија на 40-годишна возраст и да го повторувате тестот на секои 3-5 години.

Ако почекате да се појави абнормален знак, како крв во столицата, дијареа со крв, запек, веројатно е дека сте изложени на висок ризик.
2.Колоноскопијата е добар скрининг преглед за колоректален карцином бидејќи ако се открие полип, тој може да биде фактор што предизвикува колоректален карцином, може да се лекува во рана фаза и има поголеми можности целосно да се излечи.

3. И покрај тоа што колоноскопијата е скрининг тест за колоректален карцином, таа може да се користи и за дијагностицирање на други болести поврзани со дебелото црево. Дополнително, препорачливо е исто така да правите гастроинтестинална ендоскопија особено по препорака на вашиот лекар и да се прегледате од специјалист кој е експерт за ендоскопска технологија за да се добие точна дијагноза и брз третман.

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ