МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ!

Светската федерација за ментално здравје ја искористи оваа можност, во време кога светот е соочен со невидени последици по менталното здравје и влијанието на пандемијата со КОВИД-19 да ја започне кампањата за Светскиот ден на менталното здравје.

Темата за оваа година е:

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ!

Сега е потребно повеќе од претходно да се вложат поголеми инвестиции во менталното здравје и да бидеме сигурни дека секој и секаде има пристап до соодветна грижа и помош за зачувување на менталното здравје.

Како една од мерките за намалено ширење на вирусот беше примена на физички изолации и дистанцирање кои станаа нова реалност, која ги наруши природните социјални односи. Здравствените работници обезбедуваат грижа за пациентите во тешки околности, одат на работа со страв од носење на КОВИД-19 дома со нив, учениците се прилагодуваат на часови од дома, рабтниците се плашат за нивната егзистенција, огромен број луѓе се во сиромаштија со исклучително мали можности за одржување заштита од КОВИД-19, луѓето со нарушено ментално здравје доживуваат уште поголема социјална изолација од порано, а сето ова е ништо во споредба со тагата за губење на некој близок, понекогаш без да може да се збогувме.

Нашата болница бележи зголемен број на прегледи и консултации со Проф. Д-р Сашо Стојчев, специјалист по невропсихијатрија. Разговорот со стручно лице, добивање на насоки во однос на размислувањето како и разговор со помалите членови во семејството вродија со плод и зачувување на менталното здравје.

Покрај можноста за консултативни прегледи, нудиме и дополнителни исптувања со кои може да се осигураме дали покрај психички, се присутни и соматски нарушувања, што неретко се случува.

МРИ на мозок и ЕЕГ претставуваат неинвазивни методи кои не се штетни по здравјето на пациентите, а даваат многу податоци кои помагаат за точна дијагноза и со тоа и правилен третман.

Доктори

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ