Несакани ефекти од диети со висока содржина на масти

Диетата со висока содржина на масти, или популарно наречена кетогена диета, може да има доста несакани ефекти. Поради тоа, не би требало да се спроведува без стручна помош. Нашиот соработник од областа на нутригеномијата, д-р Драгица Зенделовска, Ви стои на располагање.

Честопати луѓето се одлучуваат, без стручна помош, да спроведуваат диети со висока содржина на масти или популарно наречена кетогена диета.

Калориите од диетите со висока содржина на масти најчесто се распределени 42% од масти, 16% од протеини и 42% од јаглени хидрати.

Кога ќе се одлучите за ваков тип на диета имајте предвид дека диетата со висока содржина на масти има доста несакани ефекти, како што се: хепатални лезии од неалкохолен стеатохепатитис, значително намалена активност на оксидативна фосфорилација, индуцира оксидативно оштетување на митохондријална ДНК, хепаталното ткиво и протеините се 3-тирозин нитрирани, се индуцира нитро-оксидативен стрес и имаат големо влијание на развој на метаболички компликации.

Има определни состојби за кои е наменета овој тип на диета, но за да се намалат несаканите ефекти или за да се превенираат горе наведените промени се препорачува задолжителна употреба на антиоксиданси и антипероксинитрити.

Doctors

Share on: