Политика на приватност
Со овој документ ние како контролори на лични податоци: ПЗУ Општа болница (за интерна медицина и општа хирургија и гинекологија и акушерство) ОНЕ ХОСПИТАЛ Тетово; ПЗУ- Поликлиника на примарно ниво ОНЕ ПОЛИКЛИНК Тетово и ПЗУ- Поликлиника на секундарно ниво ДИНЧЕР АШ 1 Тетово, со седиште на бул. Видое Смилевски Бато бр.1-1/3 Тетово, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст ОНЕ ХОСПИТАЛ) овозможуваме информации за обработката на личните податоци и вашите права поврзани со оваа обработка.
Офицер за лични податоци е: Исниша Велии Фаризи, телефон: 078 329 851, e-mail: [email protected].
Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност на веб страницата www.onehospital.mk и објаснува како ОНЕ ХОСПИТАЛ ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт, електронските услуги како и испратените електронски пораки до нас. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Оваа политика на приватност не се однесува на личните податоци кои ги собираат другите веб страни до кои пристапувате преку нашата веб страница. Со пристапување и со користење на нашиот веб сајт/е-продавница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа политика за приватност како и условите за користење на нашата веб страница. Доколку не се согласувате со условите од оваа политика тогаш напуштете ја оваа страница и не ја употребувајте.
Политиката за приватност ќе се менува повремено, согласно донесени нови законски регулативи или пак воведување на нови практики, производи, услуги или функционалности на оваа веб страница.
Прибирањето на личните податоци е во согласност со законските прописи за заштита на лични податоци.
- Видови на податоци кои ние ги собираме, нивно користење и споделување
Податоците кои ги собираме може да се класифицираат како лични податоци и не-лични податоци, а се собираат при интеракција со нашата веб страница, како на пример: пристапување и користење на нашата веб страница, отворање и одговарање на електронски пораки, контактирање со нашата корисничка поддршка и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.
При посетата на нашата веб страна ние ги обработуваме Вашите лични податоци и податоците за контакт само доколку доброволно ги дадете преку контакт формата за реервирање на термин или доколку поднесете апликација за вработување.
ОНЕ ХОСПИТАЛ ги обработува Вашите лични податоци дадени при посета на некоја од нашите здравствени установи со намера за реализација на здравствени прегледи и користење на здравствените услуги кои ги нудиме.
Преку обработката на Вашите лични податоците ние го унапредуваме квалитетот на услугата, односно поефикасно одговарање на Вашите барања.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.Обработка на Вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб страница, страните кои ги посетувате на нашата веб страница и времето што го поминувате на секоја страница, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страница, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” (за повеќе прочитај ја политиката за колачиња)
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци, ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
- РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ОНЕ ХОСПИТАЛ.
- КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Исниша Велии Фаризи на следниов телефон: 078 329 851 и e-mail: [email protected].