“One Hospital” првата приватна болница во Тетово го пушта во употреба и првото приватно родилиште!

Општата болнца One Hospital во Тетово го проширува својот капацитет со пуштање на употреба на одделот за гинекологија и акушерство , со што ја испиша историјата на градот Тетово и на граѓаните од полошкиот регион им понуди прво приватно родилиште. Најсовремени услови и можност за следење и терминирање на бременоста во една установа , со искусен и веќе докажан тим, Ви стои на располагање 24/7. Тоа би значело дека во било кое време од денот или ноќта, како и за викендите во болницата може да се изврши гинеколошки преглед или породување.

Станува збор за современо опремен простор, со најнова технологија и апаратура кој ги следи светските стандарди и ги исполнува сите услови одредени од страна на министерството за здравство на Р.С.Македонија.

Апартманите се со единечни и двојни кревети кои стојат на располагање на барање на родилките, но и по одредена медицинска индикација од страна на докторите за да се овозможи потребната приватност во одредени состојби од една страна и да не се поремети пријатниот престој на другата родилка од друга страна. Пред секој кревет има посебен ТВ приемник и сателитски програми кои ќе ве опуштат, простор за креветчето на новороденчето, тоалет кој ги исполнува сите услови за одржување на вашите потреби и лична хигиена. Хигиената во целата болница е на највиско ниво за што е задолжен тим кој е специјално обучен за работа во хоспитални услови.

Во склоп на болницата има ресторант ONE Caffe кој спрема топла и свежо приготвена храна во зависност од желбите на родилките но во рамките на препораките од докторите.

Дијагностички услуги

Амбулантското водење на бременоста од самиот почеток е многу важна основа за се што се случува понатаму, па затоа нашите амбуланти се опремени со најсовремени 3D I 4D  ехо апарати со кои се добива јасна слика и можност за навремено откривање на одредени нарушувања во репродуктивниот и постменопаузалниот период кај жената, но исто така  се откриваат и аномалии кај фетусот. Лабораториските испитувања во голем дел се извршуваат во нашата болница и се скратува времето на чекање и дијагноза, а воедно се зголемува удобноста на пациентките. За одредена патологија имаме можност и за правење на МРИ снимања со 1.5 Тесла апарат.Во овие амбуланти постојано се вршат рутинските процедури кои вклучуваат: репродуктивен скрининг и евалуација на плодност, редовни Check up прегледи, евалуација на ПАП- тестови, методи на контрацепција, евалуација на плодност, следење на бременост, колпоскопија, абнормално крварење, вагинални инфекции, заболувања на вулва,болки во пределот на карлицата.

Медицински процедури

Родилна сала е просторијата  во која се носат родилките кои се спремни за природно – спонтано породување во која е поставен родилниот бокс. На барање на родилките и со медицинска индикација постои можност и за безболно породување со помош на епидурална аналгезија.Доколку постои медицинска индикација за одредени состојби кај мајката или кај плодот, секогаш постои можноста за оперативно породување, односно со царски рез како најбезбедно решение.

Акушерската сала е опремена со најнова најсовремена апаратура во која се извршува оперативно терминирање на бременоста со царски рез.

Одредени состојби во гинекологијата бараат хирушки третман кој сега е достапен и во нашата болница. Според претходно направени испитувања од страна на нашите доктори и разгледување на гинеколошката историја на пациентките, се носи одлука за хирушки третман кој може многу да понуди во насока на подобрување и зачувување на целокупното здравје кај пациентките. Се разбира секогаш кога постои можност на пациентките прво се нудат помалку инвазивните методи.

Киретажата спаѓа во дијагностичко терапевтски процедури кои се прават доколку  постои  абнормално утерино крварење ( ирегуларно крварење,суспектена малигна или премалигна состојба, постменопаузално крварење),задршка на материјал во ендометријалната празнина ,евалуација на интракавитарни наоди од имеџинг процедури (абнормални ендометријални наоди во прилог на полипи или фиброиди) ,евалуација и отстранување на задржана течност во ендометријалната празнина (хематометра, пиометра) со цел испитување на содржината и ослободување на стенозата, ендометријална хиперплазија со тешко крварење, отстранување на ендометријална полипи или помали пединкуларни фиброми,субмукозни миоми и отстранување на IUD.

Лапароскопските интервенции во кои спаѓаат дијагностичката лапароскопија, отстанување на јајчниците, јајцеводите, тотална и супрацервикална хистеректомија, лапароскопски серклаж, лапароскопска стерилизација, исто така  се извршуваат од страна на нашите гинеколози.

Согласно законот на Р.С. Македонија , ќе се реализира и правото за артефициелен абортус, кој ќе се обавува стручно со користење на најсовремени методи и технологии.

Неонатолошкиот оддел е составен од 5 меѓусебно одвоени простории најсовремено опремени под постојан надзор и присуство на персоналот кој внимателно ги следи новороденчињата и ги задоволува нивните потреби според насоките дадени од докторите во првите денови од раѓањето до испуштањето од болницата.

Медицински тим

Тимот е составен од пет врвни специјалисти гинеколози кои зад себе имаат долга кариера како дел од тимовите на државните и приватните родилишта низ земјава, а дел од нив се и основачи на истите. Многу важен сегмент е и тимот на анестезиолози и неонатолози со кој што исто така сакаме да се пофалиме, бидејќи тие се една нераскинлива врска за успешно терминирање на бременоста и здраво новороденче. Со преку 5000 успешни породувања и повеќе од 1000 интервенции од областа на гинекологијата, нашиот тим е спремен да одговори на потребите за овој регион.

Предводник на тимот е Прим. Д-р Менду Јегени, а го сочинуваат Д-р Ирена Гошева, Д-р Зоран Јовановски, Д-р Гордана Кипровска и Д-р Ејуб Ејуб – специјалисти по гинекологија и акушерство; Проф. Д-р Катица Пиперкова и Д-р Олгица Николовска – специјалисти педијатри-неонатолози; Д-р. Таше Спировски и Д-р Мери Атанасковска- специјалисти по анестезиологија и реанимација.

СПОДЕЛИ СО ПРИЈАТЕЛИ