Медицина на Труд

Развојот на медицината во голема мерка ги зголеми шансите за одржување на здравјето, одложување на почетокот на болеста, како и успехот на лекувањето. Систематските прегледи даваат целосен увид во состојбата на нашето тело и служат за превенција и навремено откривање на здравствени проблеми и болести. Спречувањето на појава на некоја болест е секогаш подобро и поевтино отколку подоцна да се лекува.

Превентивни здравствени прегледи на вработени се всушност превентивни медицински прегледи со кои се испитува здравствената состојба на пациентите со цел утврдување на општа и специфична работна способност како и контра индикациите за работа на даденото работно место. Исто така, утврдување на професионална болест, професионална рехабилитација и предлог мерки за унапредување на здравјето на работното место.

Поради широкиот спектар на болести што можат да се спречат со редовни годишни прегледи, истите треба да се продолжат во текот на животот. Задоволство ни е да се грижиме за здравјето на нашите клиенти. По долгогодишното искуство, трендови во здравството и превенција на болести, со препорака на нашите доктори, ги прилагодивме нашите пакети за да ја добиете најдобрата можна услуга.

Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414

За да закажете преглед, кликнете тука

Услуги

Превентивни здравствени прегледи согласно закон за БЗР
Претходни прегледи

Се врши пред започнување на работа на работно место каде постои зголемен ризик од повреди или заболувања, поради присуство на одредени штетности/опасности. ( пред вработување, при прекин на обавување на работа подолго од 12 месеци на место со зголемен ризик,преместување на друго работно место или при утврдување на нов висок ризик на работното место)

Систематски прегледи

Ова е преглед кој се врши кај сите вработени, кои работат на работни места без зголемен ризик, а со цел заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност. Систематските прегледи се вршат со периодицитет од 24 месеци.

Прегледите се изведуваат во просториите на One Hospital, а со мобилни тимови и на терен на територија на цела Република С. Македонија.

Прегледите се вршат од високо стручен тим на лекари и сестри, а завршното мислење за работна способност го дава лекар специјалист по медицина на труд

Периодични прегеди

Се изведува кај работници кои работат на работно место со зголемен ризик од појава на заболувања или повреди, кога штетностите и опасностите на работното место не можат да се елиминираат со колективни и лични заштитни средства, со цел следење на здравствената состојба и оценка на работната способност. Се изведуваат во одредени временски интервали. Со овие прегледи се утврдува дали кај работникот дошло до промена во здравствената состојба која би претставувала контраиндикација за понатамошно извршување на работата, и дали истата е резултат на присутните штетности/опасности на работното место. При периодичен преглед се прават и доплнителни иследувања во зависност од барањата на работното место, а по потреба се вклучуваат и други специјалисти ( при работа на висина, работа во бучава, …)

Насочени прегледи

Менаџерски преглед
Премореност, исцрпеност, големи дневни очекувања? Постојана трка со времето? Чести стресни ситуации? Прекумерна грижа, страв, жалост, лутина ….? Несоница или нарушување на спиењето? Срцебиење, вртоглавици, заборавеност….?

Застанете за момент, делувајте превентивно – изберете меѓу основен и дополнителен менаџерски преглед и специјалистички иследувања за откривање на знаци на менаџерски болести ( срцев и мозочен инфаркт), пад на имунитетот ( хронични воспаленија, малигноми) и психички нарушувања ( синдром на прегореност – burn out)

Професионална рехабилитација
Промоција на здравје
Целите се многубројни, а меѓу другото е:
Создавање на тим за промоција на здравје во компанијата, со систематични задачи во областа на информирање, едуцирање и мотивација на вработените за зачувување на здравјето,
Подобрување на работните услови и процеси на работа,
Откривање/евидентирање на штетности и ергономски неусогласености во работната околина и работното место, нивно елиминирање итн…

Специјалистот по медицина на труд организира предавања и работилници за здрав начин на живот. Врз основа на анкетите, изработува извештај со анализа и интерпретација на статистичките податоци за болести во компанијата ( по дијагноза, траење, честота и изгубени денови). Заедно со својот тим, специјалистот по медицина на труд ќе ви направи анализа и интерпретација на резултатите од превентивните здравствени прегледи во претходната година. Заедно со својот тим за промоција на здравјето, специјалистот по медицина на труд, ја проверува и оценува успешноста од преземените мерки за зачувување на здравјето на работното место.

Корист и предност од промоција на здравјето

Намалено отсуство од работа
Повисока мотивација
Поголема ефикасност, продуктивност и задоволство
Лојалност кон компанијата
Подобри меѓусебни односи меѓу работниците и раководството
Позитивна работна атмосфера
Подобар имиџ
Помал број на напуштања на работно место ( помал turn over)

Користи и предности за вработениот

Повисока самодоверба и самосвесност
Подобро физичко и психичко здравје
Задоволство и социјална сигурност на работното место
Зголемена припадност кон компанијата
Подобар квалитет при вршење на работата
Подобри релации со колегите

Позитивни ефекти од програмата за промоција на здравјето

Намалување на срцевите болести и болести на крвните садови
Поголема животна енергија
Намалена употреба на алкохол и психоактивни супстанции
Повисока психичка спремност за работа
Намалена употреба на тобако (престанок на пушење)
Зголемена физичка активност
Намалување на телесна тежина ….

Обука за прва помош на вработени
Физиологија на труд (функционална дијагностика)
Анализа на ризик и здравствена оценка на работно место