Затоа мојот совет е доколку имате било каква потреба од лекарска помош, тоа да го направите во ONE Hospital

Драги пријатели, во почетокот сметав дека нема потреба од пишување и објаснување, но после пријатното чувство за време на посетата, сакам да ги охрабрам сите кои како мене се двоумеа дали да одат во болница поради коронавирусот. Ќе објанасам подетално.

Имено, во периодот на изолација, како и повеќето се зафатив со средување на домот и дворот. Со оглед на возраста и физичката активност до сега сум немал проблеми, но болките кои се јавија во кичмата и ја зафаќаа и ногата беа големи, толку многу што ме легнаа во кревет. Многу се уплашив од чувството на беспомошност, а некои од блиските ми кажаа и дека може да имам проблеми со ерекцијата и мокрењето. Најголемиот проблем беше одење во болница и страв од зараза со коронавирус. Ми ја препорачаа One Hospital во Тетово. Се распрашав. Немаат тестирања и хоспитализирани пациенти од COVID-19 и ги следат сите препораки за заштита.

Пристигнав. На вратата ме пречека сестра, со маска, ракавици, визир, униформа и мантил. “Прво дезинфекција на раце ќе Ве молам” – ми рече, ми подаде нова маска и ми измери температура. Потоа ме праша за што сум дојден, ме седнаа во количка, а на моите им рекоа да си излезат надвор, за нивна и наша безбедност. Мислев дека нема да можам да се снајдам сам, но веднаш дојде друга сестра која ме спроведе до пултот, а потоа на преглед кај ортопед. Од таму бев однесен на магнетна резонанца – снимање на рбетот во една голема машина како тунел. Изгледаше страшно, но беше пријатно искуство, слушав музика со мали прекини заради насоките кои ми ги даваа – Издржи, уште 10 па 5 па 3 минути, немрдај, готово, браво, влегувам… Заврши снимањето, повторно се вратив кај докторката, ми објасни за сѐ буквално за сѐ, ми даде терапија и се договоривме како понатаму.

Додека се движев по просториите, ходниците, ординациите, имав чувство исто како кога одев со мајка ми, мал за рака, сигурен дека нема ништо лошо нема да ми се случи.

Не ги видов ни лицата на медицинскиот персонал, незнаев кој е доктор, кој е сестра, техничар, хигиеничар, но им ги гледав очите. Во очите се гледаше искреноста и желбата да помогнат. Хуманост но и страв, страв од предустрожност! Се прашуваа меѓусебно, до каде сте? што имате? јас носам тоа и тоа.. ќе зачекам за да не се сретнеме… Ја прашав сестрата што ме носеше, како се чувствувате под маските и до кога вака? Ми кажа дека се навикнати веќе, дека не се сигурни во пациентите и секој еден може да биде позитивен и асимптоматски, но секој пациент има право на повеќе болести, а нивна работа е да помогнат, а желбата им е како и на сите, што поскоро ова да завриши но незнаат до кога.

Мојот заклучок беше еден – Доколку се однесувме сите како тамошниот персонал, немаше да ги имаме овие бројки. И да, секој пациент има право да има и друга болест која е исто така важна и треба да се третира. Затоа мојот совет е доколку имате било каква потреба од лекарска помош, тоа да го направите во One hospital без да се плашите од зараза со коронавирусот и да добиете соодветен преглед и услуга и не, нема да платите многу и нема да Ви направат ништо што е непотребно.

НИКОЛА ДОНЕВ

Doctors

Share on: