Радиологија или така наречени медицински дијагностички процедури е серија на различни испитувања на различни делови од телото , со користење методологии базирани на јонизирачки зрачења , електромагнетни полиња или ултразвучни бранови, кои се преку софтверска обработка дават слика на морфолошко анатамоската состојба на човечкото тело .
Радиологијата е гранка која се унапредува на дневно ниво со унапредување на технологијата и во правец на дијагностика , но денес и во третман .Голема улога доби во онколошката сфера и во интервентните процедури .
Дијагностичката радиологија вклучува дигитална технологија која дава прецизна и јасна слика на промените , со минимизирање на рзикот по пацинетот.
Постојат три типа на радиологија, имено, дијагностичка радиологија која користи Х-зраци, КТ-скенови, МНР, ултразвуци и нуклеарна медицина, што овозможува да се анализираат слики за да се дијагностицира болест или здравствен проблем. Онколошка радиологија, употреба на зрачење за лекување на болести како што се карцином и интервентна радиологија, која користи алатки за обработка на слики за дијагностицирање и лекување на болести и нарушувања користејќи рентген, ултразвук и магнетна резонанца, со што им овозможува на лекарите да вршат медицински процедури со минимални инвазивни третман
Постојат следниве дијагностички процедури
Методи кои се изведуваат со јонизирачко зрачење
Дигитална рентгенграфија
Дигитална мамографија
Остеодензитометар
Повеќе слојна компјутерска томографија
Методи кои се изведуваат со јонизирачко зрачење и отворени извори на радиоактивно зрачење , радиоизотоп
Позитрона емисиона компјутерска томографија
Методи кои не користат јонизирачки зрачења
Магнетна резонанаца
Ултразвучна дијагностика
Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414
За да закажете преглед, кликнете тука
Услуги
Метода која со DEXA скен се одредува густина на коскеното ткиво која е индицирана од ортопески хирург, физијатар или ендокринолог. Апаратот работи со помош на рентген зраци кои за оваа техника се со многу мала продорност
Кога се врши снимање на пациентот најстрого е забрането присуство на лице кое не поседува личен дозиметар.
Снимањето трае кратко – околу 10 минути, а резултатите се добиваат веднаш. Пациентите за ова снимање не се подложни на никаква претходна подготовка и се закажуваат во работно време. Бидејќи користи рентген зраци пациентките во репродуктивен период мора да се осигураат дека не се бремени, бидејќи бремени жени или не се снимаат или се снимаат исклучително ретко со одобрување од радиолог.
По добивање на резултат пациентот се упатува на консултација со докторот кој го упатил.
Мамографија преставува метода која користи посебен тип на таканарешено „меко“ јонизирачко зрачење кое со својата продорност дава точни податоци на состојба на паренхимот во дојките или на промената која е претходно детектирана на ултразвучен преглед.
За ова снимање многу е важно пациентите да се закажани помеѓу 5 – 10 ден од менструален циклус бидејќи жлезденото ткиво на дојката тогаш е без едематозна реакција на хормони. Оваа метода се прави кај жени над 40 годишна возраст задолжително во склоп на скрининг преглед на дојки на секоја втора година. По индикација на доктор може да се прави и порано.
Бидејќи користи рентген зраци пациентките во репродуктивен период мора да се осигураат дека не се бремени, бидејќи бремени жени или не се снимаат или се снимаат исклучително ретко со одобрување од радиолог.
Како се изведува?
Облечете се комотно. При самото снимање рентген технологот ја поставува дојката на детектор и со пластична плоча нежно ја потиснува .Притисокот може да е лесно непријатен, но не треба да се чувствува болка. Се прават снимки во две позиции на секоја дојка и по завршување на прегледот пациентката е слободна за секојдневните активности.
Процесот на снимање трае до 30 минути .
Во нашата болница апаратот за рентген дијагностика е еден од најсовремените апарати бидејќи користи дигитална обработка на рентгенските графии . Поседува два големи дигитални детектори кои овозможуваат добивање на слика со многу мала радијација , а овозможуваат и значителна редукција на бројот на неуспешни слики и пресликување на пациентите.
Оваа метода е прв избор при коскено зглобни повреди, сомненија за фрактури на коски, изместување на зглобови како и појава на деформитети и оток. Како метод за снимање се користи и за брза дијагностика на белите дробови посебно при сомнение за присутен пнеумоторакс како и за присутен излив, воспаление, акутна и хронична опструкција на белите дробови. Исто така се користи и за снимање на гастро интестинален и урогенитален систем посебно е важно дека е прв метод за избор при сомнение за илеус, а се користи и при сомнение за постоење на калкули во уринарен тракт.
Методата е неинвазивна користи мала доза на радијација, но многу е важно да се напомене дека пациент по свое барање без претходен преглед и упат од доктор не смее да се снима. Бидејќи користи рентген зраци пациентките во репродуктивен период мора да се осигураат дека не се бремени, бидејќи бремени жени или не се снимаат или се снимаат исклучително ретко со одобрување од радиолог.
Ултразвукот на дојка е безбедна, неинвазивна дијагностичка процедура која дава слики од внатрешноста на телото со користење на звучни бранови. Звучните бранови со висока фреквенција се пренесуваат од сондата низ гелот во телото. При прегледите со ултразвук не се користи јонизирачка радијација поточно нема изложување на радијација за пациентот. Се користи за редовни контроли и дијагностика на грутки во дојките или други абнормалности кои вашиот доктор можеби ги открил за време на физички преглед. Доколку сами почувствувате промена најдобро е да се обратите на лекар.
Кога треба да се прегледате ?
Прегледот е безбеден и може да се направи од најмлада возраст и кај адолесценти .
За жени во репродуктивниот период, оптимално е тоа да биде од петтиот со десеттиот ден од Вашиот циклус. За оваа процедура е потребна мала подготовка телото.
Како се изведува прегледот ?
Пациентот го прима сестра која ќе ве постави во позиција за преглед .Пациентот лежи на грб со кренати раце над глава. Исто така можеби ќе биде побарано да ги менувате положбите за време на прегледот. Се нанесува гел на сондата кој е базиран на вода. Ултразвук на градите обично се врши за 30 минути. После преглед со ултразвук, можете веднаш да се вратите на вашите нормални активности
Неинванзиван едноставана метода за детекција на промени во тироидеа , со евалуација и на вратните структури. Пациентот лежи на маса со подигната глава и поставено желатинозно јастуче под вратот за да се изложи регијата комплетно на преглдот.
Се поставува гел на линеарна сонда и се врши скенирање со помош на ултравучни бранови кои даваат информации за морфологијата и структурата на тироидната жлезда, како и нејзината прокрвеност. При детекција на на промена пациентот се упатува на консултација со ендокринолог или патофизиолог. Доколку променета е за биопсија се пристапува кон истата .
Дијагностичките процедури може да покажат одредени промени во вид на израслини , длабоки промени во меките ткива, дојките или на штитната жлезда.
При детекција на ваквите промени во меките ткива , дојки , тироидеа или во мускули со течна содржина се пристапува кон изведување на тенкоиглена биопсија и евакуација на течноста.
Како се изведува процедурата ?
Самата процедура се изведува под контрола на ултразвук за да се обезбеди земање на материја од вистинско место
Методата е нискоризична и едноставна ,а обезбедува соодветна цитолошка дијагноза.
Не е потребна претходна подготовка на пациентот.
Задолжително информирајте го докторот за месечниот циклус или доколку сте земале антикоагуланта терапија.
Постапка
Пред самата процедура се прави ултрасонографски преглед за точна локализација на местото од интерес.Потоа се стерилизира за да се намали ризикот од внес на инфекции.
Под ултразвук се позиционира иглата која е тенка и се чувтвува прво мал притисок и болка која по интензитет е нешто слична со болката при земање крв . Се извлекува содржина цитолошки се анализира .
Податоците кои се добиени од анализата даваат увид во променета дали е со бенингно или со малигно потекло .
Кога се изведува процедурата?
Процедурата се изведува секогаш по индикација на доктор за различни цистични промени на дојките , штитна жлезда , течни колекции во меките ткива итн.
Метода на земање на мал калап со игла која е со различна дебелина од промена која е детектирана со различни дијагностички методи.
Самата процедура е водена со ултразвук , за да се обезбеди прецизност во земање на материјалот и соодветна хистопатолошка дијагноза.
CORE биопсија може да се изврши на промени во дојките , мускулите или достапни коскени делови при што во зависност од променета се користат различни по дебелина игли.
Секако за да не биде многу болна и непријатна за пациентот се врши во локално аплицирана анестезија.
Компјутерска томографија е неинванзивна дијагностичка метода која користи јонизирачко зрачење со одредена продорност и со софтверска обработка на податоците добиени при самото скенирање дава точна локализиација на видот и промената која треба да се детектира внатре во телото. Ова е неинванзивна метода дава преглед на коските, меките ткива, градната шуплина, стомачната шуплина и крвните садови. Брза и едноставна, претставува прв избор при при политрауми и итни васкуларни инциденти.
Како функционира компјутерскиот томограф?
Преку ретнген цевка која ротира во поставен таканаречен „gantry“ се ослободува сноп на јонизирачко зрашење кое поминува низ телото на пациентот и е пресретнато од детектори сместени во смата маса на која е и поставен пациентот. Со компјутерска обработка на резидуалното јонизирашко зрачење, се добиваат точни податоци во различни нијанси на црно до сиво кои всушност се спечифични за секој орган.
Добиените податоци преку обработка се прикажуваат и во 3Д и во боја.
Како се изведува и што треба да знае пациентот?
The patient should be informed that he / she should be hungry for at least 4 hours, prior to the examination itself. The X-ray technician prepares the patient by suggesting that in some examinations a liquid contrast or water may be needed to fill the intestines.
Пациентот треба да е информиран дека барем 4 часа треба да е гладен, пред самиот преглед рентген технологот го припрема пациентот со тоа што при некои прегледи потребно е да се пие течен контраст или вода за да се исполнат цревата.
Пред самиот преглед доклку е потребна интравенска апликација на контраст треба да се достават резултати од уреа и креатинин во крв за одредување на состојбата на бубрезите. Потоа пациентот се легнува на масата на компјутерскиот томограф која се движе низ кругот така наречен „gantry“. Самото снимање трае од неколку минути до половина час во зависност од тоа што точно се скенира и дали се аплицира интравенски контраст.
Потребно е пациентот да биде мирен и во моментот кога ќе каже рентген технологот да се запре здивот да се послуша, бидејќи несоодветното однесување при прегледот доведува до артефакти. После снимањето пациентот е слободен да си оди дома.
Што точно детектира комјутерскиот томограф?
Проблеми на мускулоскелетен систем
Мозокот
Фрактури
Тумори
Состојба на кардиоваскуларен систем
Детекција на состојби во белите дробови
Патолошки промени на сите органи во абдомен
Метода за водење на биопсии
Зошто компјутерска томографија со контраст?
Компјутерската томографија одлично ги прикажува дензитетните коски, но мекоткивните органи се недоволно презентирани како и крвните садови.
За да се прикажат јасно се дава интравенски контраст кој е јоден препарат.
Бидејќи истиот се излачува преку бубрезите, се препорачува да се пие поголема количина на вода после заврешеното снимање.
Што треба да знае докторот пред снимањето?
Мора да го известите докторот за бременост, терапија што ја примате секојдневно и подолго време особено доклу примате метформин. Нашата болница е опремена со хибриден 16 слоен компјутерски томограф со ПЕТ КТ.
ПЕТ КТ е техника на снимање која се состои од комбинација на: ПЕТ ( позитрон емисиона томографија ) која ги покажува функциите на органите и ткивата на метаболичко ниво , и КТ ( компјутеризирана томографија ) која дава детални анатомски информации.
Што може да се открие со ПЕТ КТ?
Со оваа техника можат да се откријат и најмалите метастатски промени, начесто се користи за рано дијагностифицирање на рак, проблеми со срцето, проблеми со мозокот и негови нарушувања вклучувајќи тумори на мозок и проблеми со меморијата, како и други невролошки пореметувања.
Дали снимањето со ПЕТ КТ е штетно?
ПЕТ КТ се изведува со помош на радиофармацевтик, а најчест радиоизотоп којшто се користи е ФДГ-18ф.Принципот на акумулација на овој изотоп е тоа што тој се врзува за гликозата, односно ја ползува гликозата за енергетски потреби, па така зрачењето на коешто се изложувате е минимално и ова снимање е потполно безбедно. Се применува и кај деца и кај возрасни, а дозите коишто се користат се минимални и не влијаат врз нормалните процеси на организмот.
Дали може да се јаде пред снимањето со ПЕТ КТ?
Не. Пред да се пристапи кон снимање со ПЕТ КТ, пациентите добиваат упатство за подготовка за снимањето, а тоа вклучува одреден режим на исхрана, со цел да се добијат точни резултати. На самиот ден на снимањето, пациентите не треба да јадат, да џвакаат мастики (бидејќи содржат шеќери, а покаченото ниво на гликоза во крвта може да даде сосема други резултати). Може да пиете само вода.
Како се изведува снимањето?
Пред да започне снимањето, радиофармацевтикот се аплицира интравенски и истиот за најдобра акумулација во организмот, треба да биде во времетраење од 45 мин. За време на снимањето, вие сте во лежечка позиција на рамен кревет сместен во центарот на цилиндричниот скенер. Снимањето трае 30 минути.
Дали по снимањето може слободно да продолжите со вашите активности?
Апсолутно да. Веднаш по снимањето вие сте способни да продолжите со вообичаените активности. Препорачуваме консумирање на многу течности со цел елиминирање на контрастот и радиофармацевтикот.
За колку време се добиваат резултатите?
Нашите специјалисти радиолози, по добиените снимки изготвуваат наод и извештај и ги доставуваат резултатите. Резултатите ги добивате за еден ден, со вклучено второ мислење од врвни радиолози од Турција.
Магнетна резонанаца претставува метода која користи електромагнетно поле и радифрекфентна енергија што го активираат водородниот јон во човечкото тело кој со сфтверстка обработка дава точни информации и прецизни детали на ниво на ткива.
Треба да се напомене дека оваа метода е сосема безбедна, неинванзивна, не се користи рентген или друг тип на зрачење па затоа пристап е дозволен за сите лица од медицинскиот персонал освен лица кои имаат вградено некој метален имплант во телото или пејс мејкер. Бидејќи не користи зрачење во него може да се снимаат и мали деца и бремени жени.
Снимањето трае од 20 минути до 45 минути затоа пациенти во тешка состојба пожелно е прво да се стабилизираат па потоа да се снимаат на овој апарат или снимањето да се изврши под надзор на лекар кој во моментот ќе биде присутен на снимањето.
Бидејќи користи јако магнетно поле пациенти со метални импланти во телото кои не се од титаниум и пациенти со пејс мејкер не се снимаат. Исто така во просторијата не смеат да се внесат часовник, мобилен телефон, кредитни картички, кодирани клучеви и се што работи на батерии бидејќи под дејство на магнетното поле ќе се магнетизира и ќе престане да функционира.
Оваа метода е најчесто користена за снимање на мозок, ‘рбетен столб, зглобови, жлезди, а поретко за бели дробови и абдомен со мала карлица. Исто така може да се прават и ангиографски снимања на крвните садови. Некои снимања се вршат со контраст а некои само со нативна серија меѓутоа меѓу снимањата за кои најчесто и скоро задолжително се аплицира контраст се:
магнетна резонанца на абдоменот, мала карлица, хипофиза, орбити како и ангиографските снимања.
Подготовката на пациентот е во зависност од тоа дали снимањето е со контраст или во нативна серија. Доколку не се аплицира контраст подготовка не е потребна.
Пациентот се легнува на подвижна маса и во зависност од сегментот што е од интерес се поставува коијл или таканаречени антени кои го примаат сигналот кој се оддава од телото кое е поставено во магнетно поле и го помагаат софтверското обработување во вид на слики. При изведување на некои прегледи се поставуваат слушалки кои со различна музика бидејки апартот произведува звуци.
При снимање со контраст пациентот три часа пред прегледот треба да е гладен и бидејќи контрастното средство се елиминира преку бубрезите треба да донесе лабораторија каде има резултати од уреа и креатинин во крвта за да се види функцијата на бубрезите.