Ревматологија

Ординацијата по ревматологија пружа врвен суб-специјалистички преглед кај пациенти со болести на локомоторниот систем.Освен зглобно-мускулниот систем, ревматските болести даваат промени и на внатрешните ограни, како што се: белите дробови, срцето, централниот нервен систем,бубрезите, гастроинтестиналниот тракт и други. Кожата како голем орган често е зафатена при ревматските болести

Во ревматските болести влегуваат повеќе групи на заболувања како што се:
Воспалителните заболувања на зглобовите (ревматоиден артритис,серолошки негативните артритиси, псоријатичен артритис, анкилозантен спондилитис)
Дегенеративни ревматски заболувања(Остеоартритис на периферните зглобови и р‘бетниот столб),
Метаболични ревматски заболувања (Гихт и остеопороза)
Системски ревматски заболувања на сврзното ткиво (Системски лупус, системска склероза, полимиозитис, васкулитис итн.)
Во ревматологијата постои мултидисциплинарен пристап во кој учествуваат и други специјалности како што се ортопеди,невролози,физијатри и др.

Ревматологот треба да ги менаџира ревматските болести. Најпрвин поставување на правилна дијагноза, диференцијална дијагноза и лекување.Лекувањето најчесто е медикаментозно, интраартикуларни инекции на одредени медикаменти, едукација и советување на пациентот за ревматската болест, не саканите ефекти од можната терапија. Ревматолог треба да се посети и при најмало сомнение за ревматска болест, а секако постои можност да се откријат и други заболувања кои имаат ревматски тегоби.

Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414

За да закажете преглед, кликнете тука