НЕХИРУРШКИ
- Апликација на филери (со хијалуронска киселина)
- Зголемување на усни
- Корекција на назолабијални и брчки на чело
- Апликација на ботокс на чело, меѓу и околу очи, нос
- PRP третман на лице и коса со серум и активација на GROW FACTOR
- Мезотерапија на лице и коса
ХИРУРШКИ (ЕСТЕТСКИ)
- Ринопластика (естетска корекција на нос)
- Липосукција
- Абдоменопластика (отстранување на вишок кожа од стомакот)
- Аурикулопласика (естетска корекција на уши)
- Импланти на задник, подигање на задник
- Импланти на гради
- Трансплантација на коса
- Блефаропластика (естетска корекција на очни капаци)
ХИРУРШКИ (РЕКОНСТРУКТИВНИ)
Пластична и реконструктивна хирургија
- Окулопластична хирургија /птоза на очен капак, ентропион, ектропион, тумори на очни капаци
- Вродени деформитети на лице, глава и врат
- Лицева пареза
- Вродени деформитети на шака, горни и долни екстремитети
- Хирургија на шака и стапало
- Хирургија на тетиви /шака, стапало и Ахилова тетива/
- Хирургија на лузни, контрактури и тетоважи
- Третман на хронични рани
- Третман на декубитуси
- Третман на дијабетично стапало
- Третман на изгореници и смрзнатини
- Мекоткивни инфекции
- Цисти и синуси
- Бенигни и малигни кожни тумори
- Бенигни и малигни мекоткивни тумори
- Бенигни и малигни тумори на дојка
- Бенигни и малигни тумори на ушна школка
- Бенигни и малигни тумори на нос
- Бенигни и малигни тумори на усни
- Тумори на паротидни жлезди
- Дипитренова контрактура
- Тунел карпал синдром
- Пилонидални цисти и синуси
- Хирургија на надворешни полови органи
- Бенигни и малигни тумори на дојка
- Бенигни и малигни тумори на ушна школка
- Бенигни и малигни тумори на нос
- Бенигни и малигни тумори на усни
- Тумори на паротидни жлезди
- Дипитренова контрактура
- Тунел карпал синдром
- Пилонидални цисти и синуси
- Хирургија на надворешни полови органи
Во Одделот за Пластична Реконструктивна и Естетска Хирургија на One Hospital сите интервенции ги извршуваат врвни специјалисти од оваа област, користејќи најсовремени методи и апаратура, а пациентите се дочекани во неверојатно пријатен амбиент, секогаш достапен и утив персонал, чувство на пријатност за време на извршување на интевенцијата и брза и квалитетна услуга од страна на нашиот стручен тим на доктори специјалисти.
Ви гарантираме беспрекорен и здрав изглед.
Со OneHospital, секогаш убави!
Затоа што убавината секој ја заслужува!
Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414
За да закажете преглед, кликнете тука.
Услуги
Корекцијата на носот, позната како ринопластика, е постапка која ги решава естетските и функционалните проблеми на носот како што се испакната носна преграда или девијација. Кога ќе кажеме Ринопластика, повеќето не асоцира на естетската корекција на носот, но важно е да напоменеме дека со оваа процедура се решаваат и функционалните проблеми на носот, кој како орган ја има најважната улога во процесот на дишење. Па така, освен естетскиот изглед, со оваа процедура се коригираат структурните промени и девијации во носот, како и подобрување на дишењето.
Со ринопластиката, во зависност од желбата и потребите на пациентот, носот може да се намали во широчина или големина, да се коригираат нерамнините.
Во кои случаи се препорачува оваа интервенција?
Во нашата болница One Hospital, специјалистите по пластична и реконструктивна хирургија ја препорачуваат ринопластиката во случаи кога:
- Носот е поголем од вообичаено и е диспропоционален во однос на лицето
- При крив, „кукаст“, нерамен нос
- Проблеми со дишењето
- Асиметричен нос, како последица од некоја фрактура или повреда
- Врвот на носот е голем и прилично изразен во споредба со другиот дел од носот
- Не сте задоволни од претходни естетски корекции на носот
Која возраст е препорачлива за изведување на Ринопластика?
- Кај машки пациенти, најпрепорачлива возраст е од 17 години па натаму, а кај женски од 16 години.
Како се изведува оваа интервенција?
Операцијата се изведува во нашата болница, со примена на тотална анестезија и може да трае од 1-3 часа во зависност од тоа колку е комплексна. По операцијата, во носот на пациентот се ставаат тампони, кои се вадат еден ден по операцијата, а гипсот се отстранува 6 дена потоа. Престојот во болница е од 1-3 дена.
We guarantee you the perfect look!
Уште од најраното детство, бемките постојано се појавуваат. Можат да бидат вродени или стекнати. Се појават на било кој дел од телото и нивната појава не може да се спречи. Во принцип се безопасни, но во секој случај треба да се следи нивната форма, големина и промена, бидејќи можат да бидат и првичен сипмтом или показател за сериозни кожни заболувања.
Доколку се појават на некое непосакувано место од лицето или телото, знаат да претставуваат естетски проблем и да влијаат врз самодовербата. Некои од нив можат да бидат и болни, доколку се подложни на некое механичко триење, а со тоа да причинат и здравствен проблем. Сепак, добрата работа е тоа дека постои можност да се отстранат, а со тоа да престанат да создаваат одреден сомнеж или да влијаат врз самодовербата.
Како се изведува оваа интервенција?
Пред самата интервенција, особено важно е да направите одредено испитување, односно да обрнете внимание доколку имате коагулопатија, проблеми со штитната жлезда, покачен крвен притисок, бубрежно или срцево заболување.
Интервенцијата се спроведува со локална анестезија и трае околу 20 минути.
По зафатот, пациетот си оди дома, по потреба му се препишуваат одредени антибиотици и аналгетици и може слободно уште истиот ден да им се врати на секојдневните обврски. Конците се отстрануваат од 7-12 дена, во зависност од регијата којашто е третирана. По вадењето на конците, лузната се третира со соодветна крема којашто ја препишува докторот и која ја мачкате одреден период, исто така во консултација со докторот, сè до нејзина најмала видливост.
Абдоменопластика (корекција на стомак) е хируршка процедура со којашто се подобрува изгледот на стомакот. Основната цел на абдоменопластиката е елиминирање на виснатиот и деформиран стомак со отстранување на вишокот на кожа и вишокот на масти.
Во кои случаи се применува оваа интервенција?
Нашите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, примената на абдоменопластика ја препорачуваат во следниве случаи:
- Кожата на стомакот е висната и има вишок на масно ткиво;
- Стомакот е мек и слаб како последица од една или повеќе бремености, или пак како последица од нагло и брзо слабеење;
- Стомакот има ослабната и опуштена мускулатура и кожа како последица од неправилен начин на живот и физичка неактивност
Како се изведува оваа интервенција?
Пред да се изврши интервенцијата, во консултација со докторот специјалист, потребно е да се направат неколку лабораториски испитувања, пожелно е да се намали со пушењето на цигари и да не се земаат лекови кои влијаат врз коагулацијата на крвта.
Операцијата се изведува со тотална анестезија и трае од 2-4 часа. Резот се прави во бикини зоната и понатаму е речиси неприметлив. Престојот во болница трае од 1-3 дена и во тој период на пациентите им се даваат антибиотици, аналгетици и по потреба друга медикаментозна терапија. По само 7 дена, пациентите се во состојба слободно да се движат, а за само 15-20 дена можат слободно да им се вратат на работните обврски.
Ви гарантираме беспрекорен изглед!
Нашето тело ја има моќта да ги регенерира и лечи ткивата на сите делови од кожата. Меѓутоа, со самиот процес на стареење, како и различните фази од животот, кожата и косата трпат одредени промени. За среќа, современата медицина придонела до тоа, да се најде решение за подмладување со помош на серум.
PRP-третманот, попознат и како третман за подмладување, е револуционерна метода која се базира врз регенеративната моќ на сопствената крв. Со дегранулација на нашите крвни плочки се ослободува фактор на раст кој стимулира пролиферација на стем клетките одговорни за видливата репарација и регенерација на ткивата..
Во кои случаи се применува овој третман?
Се применува за:
- Подмладување на кожата
- Отстранување на брчки
- Регенерирање на кожата и подобрување на нејзината еластичност
- Поттикнување на раст и зацрвстување на косата со реактивација на коренот на влакното
- Избелување на флеките
Како се изведува овој третман?
Третманот се изведува мошне брзо и лесно. Се изведува на тој начин што докторот зема крв од вената на раката, потоа ја центрифугира неколку минути и се издвојува збогатената плазма. Со тенка игличка, плазмата се внесува во кожата. На кожата се нанесува анестезија во вид на крема која има дејство од околу 40 минути.
Резултатите се највидливи после третиот третман, а пациентот може да се увери дека кожата е поеластична, поздрава, опаѓањето на косата е значително намалено, растот на коса е поттикнат, а косата којашто расте е поздрава и поцврста. Вториот третман се препорачува да се направи по 3 недели, а третиот по 3 месеци.
Ви гарантираме здрав и беспрекорен изглед!
Ушите, доколку ја немаат заземено централната положба на лицето, имаат значајна улога за тоа колку ќе се чувствувате самоуверено и убаво. Отопластиката претставува вид на хируршка интервенција со којашто се постигнува естетска корекција на премногу истакнатите (отворени) уши и нивно повлекување наназад, давајќи им нормална форма и убаво вклопување со формата на лицето.
Која возраст е најпогодна за примена на оваа интервенција?
Се применува и кај деца и кај возрасни, сè со цел естетско коригирање на ушите, враќање во нивната нормална форма и положба и враќање на самодовербата кај пациентот. Најдобро решение за решавање на овој проблем е операцијата да се изведе уште во детска возраст, а возраста на детето да е над 6 години, бидејќи во тој период ‘рскавицата е помека. Меѓутоа, ова не е строго дефинирано правило, па така, секако дека и возрасните можат естетски да ги коригираат своите уши и да го добијат посакуваниот изглед.
Како се изведува оваа интервенција?
Операцијата се изведува со анестезија која може да биде тотална (најчесто се препорачува кај деца) и локална кај возрасни. Се прави рез, се моделира ‘рскавицата за да се намали аголот помеѓу главата и увото, раната се шие и се преврзува со компресивен завој. Интервенцијата трае од 1-2 часа, во зависност од тоа колку е комплексна самата интервенција. Престојот во болница зависи од типот на анестезија, па така со примена локална анестезија пациентот си оди дома по неколку часа, а доколку е применета општа анестезија, пацентот останува 1 ден во болница.
Ви гарантираме беспрекорен изглед!
Градите се симетрични и парни органи, кои се наоѓаат на предниот дел од градниот кош и дефинитивно се оние кои ја симболизираат женственоста кај една жена. Факт е дека повеќето жени посакуваат убави и црвсти гради.
Со текот на годините, процесот на стареење и покачувањето или губењето на телесната тежина, допринесуваат до промена во формата, обликот и големината на градите. Сепак, денес современата медицина има методи за естетска корекција на градите.
За зголемување на градите, денес се користат импланти кои хируршки се поставуваат во градите и ги прават поголеми, поцврсти и посиметрични.
Докторот специјалист во претходна консултација со пациентот, во зависност од желбата, ја дефинира големината и формата на имплантот. Има повеќе видови на импланти кои може да имаат различна големина, форма, различна текстура и различен внатрешен состав.
За естетско зголемување на градите се користат силиконски импланти, кои се меки, а градите си ја задржуваат својата мобилност и напрегнатост.
Како се изведува оваа интервенција?
Особено важно е пред операцијата, да се направат сите можни испитувања како што се: крвна слика, лабораториски испитувања на хормони, РТГ на граден кош и други испитувања кои ги налага докторот специјалист, бидејќи имплантите се поставува под млечните жлезди и градниот мускул и важно е се следат овие правила.
Операцијата се изведува со тотална анестезија, се прави рез долг околу 4-5 цм, под пазувте, под дојката, или кружно околу брадавиците, а имплантот се поставува под или над мускулот, без да ги засегне млечните жлезди.
Постоперативно, се јавува блага неосетливост на брадавиците и благ оток кој исчезнува од 1-2 недели. Се препорачува домашна нега и лекување од околу 10 дена, избегнување на физички напор и активности.
По неколку недели, пациентите можат слободно да се вратат на сите спортски или физички активности и да уживаат во сосптвеното тело и изглед
Ви гарантираме беспрекорен изглед!
Мезотерапијата е техника која се користи за брзи естетски цели, за успорување на процесот на стареење и за подмладување на кожата. Се користи на тој начин што со помош на инјектирање на коктел од корисни супстанци како што се потребни витамини, ензими, минерали и други активни материи, директно во кожата, со цел постигнување на посакуваниот ефект.
Како се изведува оваа интервенција?
Мезотерапијата се изведува како серија на третмани (најчесто 3-4), а во зависност од супстанциите, односно материјалот кој се користи, се повторуваат на 1-2 недели или на еден месец. Серијата од третмани се повторува на 6-8 месеци.
Се изведува на тој начин што, претходно подготвен коктел од корисни супстанци се инјектира до 2мм длабочина во кожата и на секој сантиметар од неа.
Се применува на лице, врат, деколте, раце, колкови, а доста корисна метода е и како редуктор на целулит, а во тој случај се користат супстанци кои ги топат масните наслаги.
За видливи резултати, потребни се 2-3 третмани. Бројот на третмани зависи од возраста, третираната регија, но и животните навики како што се пушење, пиење, исхрана и друго.
Мезотерапијата може да се комбинира и со други естетски третмани со хијалуронска киселина и така да се постигнат неверојатни резултати.
Ви гарантираме беспрекорен изглед!
Доколку посакувате мазно лице без ниту една брчка, тогаш ботоксот е вистинсото решение за вас.
Ботоксот е нехируршка метода која се користи за естетско подмладување и измазнување на кожата, превенција од прекршување на кожата, односно појава на брчки која дава значително помладолик изглед.
Како третман е доста популарен и во денешно време го применуваат речиси сите.
Ботоксот е стерилен, лабораториски пурифициран протеин, продуциран од бактеријата Clostridia botulinum, кој ја ослабува активноста на мимичните мускули и ги ублажува мимичните брчки.
Како се изведува овој третман?
Третманот се изведува мошне брзо и лесно и го изведува доктор специјалист. Апликацијата на ботоксот трае релативно кратко, околу 15 минути и е безболна. Дејството започнува од 4тиот ден и тогаш можат да се воочат првични резултати. Третманот се повторува на 4-6 месеци. Дејството не е трајно, па така доколку се прекине и не се применува ботокс третманот, брчките повторно се враќаат на Вашето лице.
Победете ја борбата со годините на Вашето лице!
Полните и големи усни отсекогаш биле примамливи и претставуваат еден од главните адути на секоја жена, кога зборуваме за физичкиот изглед и привлечноста.
Во нашата болница, ја имате можноста за само неколку минути да ги добиете долгопосакуваните полни усни.
Постојат повеќе видови на филери, односно, повеќе брендови на филери. Кај нас, на располагање ги имаме најпознатите брендови на висококвалитетни филери како што се Princess, Stylage, Restylan, Amalyan и други.
Како се изведува овој третман?
Апликацијата на филери ја изведува доктор специјалист, а за посакуваната исполнетост и големина на усните одлучувате самите Вие. Тоа зависи од Вашата желба, односно од количината на филерите за која што ќе одлучите само Вие.
Самиот процес е безболен, трае релативно кратко и дава одлични резултати!
Имајте неодоливи усни, баш какви што посакувате!