Педијатрија

Педијатријата е област на медицина која се занимава со превенција и третман на деца, како и советување со родители.
Превентивната педијатрија се занимава со здрави деца и вклучува:
Следење на растот и развојот на детето
Вакцинирање според национални и меѓународни календари за вакцинирање
Ултразвучно сликање на колковите во првата година од животот
Систематски прегледи за предучилишна возраст и по заминување на училиште

Грижата за здравјето и третманот на децата е истовремено превентивен лек за возрасната популација. Грижата за најмладите има за цел да спречи болести преку вакцинирање и редовни систематски прегледи на деца од сите возрасти.
Систематските (превентивни) прегледи се основа за редовно следење на здравјето на детето и варираат во зависност од возраста.

Систематското испитување вклучува мерење на телесната тежина, обем на глава, гради, преглед на сите сетила, срце, бели дробови, коски и мускули. На овој начин се овозможува следење на растот и развојот, знаци на пубертет, состојба на ‘рбетот, зголемување на телесната тежина, лоши навики во исхраната и секојдневен животен стил, како и навремено откривање на болести и нарушувања.

Во третманот и следењето на хронично болните деца, неизбежно е едукација за нов начин на живот и третман, што ја олеснува сериозноста и текот на хроничните заболувања, но исто така и во голема мерка го подобрува квалитетот на животот на хронично болно дете.

Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414

За да закажете преглед, кликнете тука

Доколку имате прашања, контактирајте не на: [email protected] или +389 (0) 44 344 414

За да закажете преглед, кликнете тука

Услуги

Респираторните инфекции се најчести инфекции во педијатриска возраст и се делат на горни и долни респираторни инфекции. Горните респираторни инфекции, се со поголема преваленца и најчесто се соочуваме во педијатрија. Од нив најголем предизвикувач се вирусите, но во помал дел можеме да имаме и бактериски односно атипични инфекции. Долните респираторни инфекции, се посериозни во споредба со горните обрнуваат поголемо внимание и од страна на родителите, а исто така и од нас педијатрите, и истите треба да се лекуваат во соодветни установи.

Во склоп на овие инфекции имаме и алергиски реакции настанати од аероалергени за кои е потребен соодветна превенција и третман.

Уринарните инфекции кај децата после горнореспираторни инфекции се едни од најчестите инфекции кај децата.Уринарните инфекции се делат на инфекции на горниот дел од уринарен тракт и уринарни инфекции на долниот дел на уринарен тракт.Инфекциите на долниот дел од уринарен тракт се најчести во споредба со инфекциите на горниот дел на уринарен тракт.Најчест предизикувач на уринарните инфекции се бактерите а повеќе застепена е Е.Коли и во помали размери и кламидија или протеус.

Симптомите се различни и овие симптоми се манифестираат различно во однос на возраста на децата.Инфекциите од горниот дел се потешки за копирање и клиничката слика е поизразена со покачена температура ,повраќање, абдоминален дискомфорт ,одбивање на исхраната докека кај новороденчињата овие симптоми се манифестираат со нетипична симптоматологија како жолтица, вознемиреност, повраќање, ненапредување во тежина, конвулзии и слично.

Инфекциите од долниот дел, односно инфекции на бешиката, се со поблага симптоматологија и не даваат симптоми во вид на повраќање или покачена температура, туку имаме еден абдоминален дискомфорт каде што децата се немирни се жалаат на болки во супрапубична регија со дизурија,фреквенција или кај децата кои воспоставиње ред и ритам на контрола на уринирањето почнаат да го губат оваа контрола.

Што треба да се прави?

Контрола на детето кај педијатар. Се реализира општ преглед со земање на крв и урина каде се гледа дали имаме покачени леукоцити како и во урина се гледа присуство на леукоцити, бактерии како и нитрити. Ако имаме покачени леукоцити во крвна слика препратена со високи вредности на ЦРП (показател за инфламацијата) како и леукоцити во урината над 10 леукоцити на High power Field тогаш треба да се мисли на пиелонефрит или инфекција на бубрезите и треба да се третира со антибиотици. Додека ако имаме само покчени леукоцити само во урината и мирни леукоцити во крвната слика и поблага симптоматологија тогаш се работи за инфекцијата на бешиката, односно инфекција на долниот дел од уринарен тракт и се третира со антибиотик пер ос (преку уста).

Анемија е намалување на вредностите на хемоглобинот и намалување на бројот на еритроцитите во крвта. Слабокрвноста кај децата е честа појава особено по 5-6 месец заради недостиг од железо и зголемен раст и развој на дете на тоа возраст кој што има потреба од железо.

Обично децата се со бледа кожа и лигавицата, иритабилност ,намален апетит општа слабост и слично. Од анализите се прави крвна крвна слика каде се следи хемоглобинот и другите параметри како хематокрит, MCV и железо во крвта.

Терапија – доколку имаме ниски вредности на хемоглобин се дава терапевска доза на железо според тежината на детето. Но, исто така, се дава и во превентивни дози железо во случаи на гранична анемија на дете во доба на раст и разво

Жолтицата или иктерус е високи вредности на билирубин во крвта. Билирубинот се дели на директен и индиректен билирубин.
Жолтицата кај новороденчиња по вториот ден од раѓањето до 2 недели е физиолошка жолтица и во повеќето од случаите е од индиректен тип.

Најважно е да жолтицата се појави после вториот ден од раѓањето и да не перзистира повеќе од 2 недели. Во случаи каде жолтицата се појавува уште од првиот ден или перзистира повеќе од 2 недели и е со покачена температура, заспаност, органомегалија и други симптоми треба новороденчето да се однесе кај педијатар и да се реализираат лабораториски иследувања почнувајќи од Билирубин, директен и индиректен, крвна слика, ЦРП, седимент на урина како и други лабораториски иследувања за да се одреди етиологијата на пролонгирана или висока вредност на билирубинот во крвта.